Најдобрите „странски“ ТВ серии од 2019 година на Нетфликс, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“

Најдобрите „странски“ ТВ серии од 2019 година на Нетфликс, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“

Живееме во ерата на дигиталниот свет и секоја содржина може да биде достапна и пренесувана од секој дел на светот директно во нашиот дом – без територијални граници. Имате многу опции, но не можете да одлучите што да гледате?

Најдобрите странски ТВ серии од 2019 година, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“

Ние сакавме да ви помогнеме, па затоа решивме да ги споделиме најдобрите ТВ серии од 2019 снимени во различни земји на различни јазици. Уживајте!

1. „Темно“ (Dark)

Ова е германска, но маестрално снимена серија која полека и внимателно го истражува лавиринтот на тајните во еден град. Исто така е полна со интересни идеи за науката и прашања за судбината. Сепак, многу гледачи ќе треба да паузираат на секои 10 минути за да сфатат кој што направил и кога.

2. „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel/Money Heist)

Оваа одлична шпанска серија навистина вреди. Мистериозен лик наречен „Професор“ подготвува нешто уникатно – планира да го изврши најголемиот грабеж во историјата. Неверојатна серија во која „лошите ликови“ ќе ви станат омилени.

3. „Свети игри“ (Sacred Games)

Во оваа серија коцката меѓу животот и смртта се сведува на обична расправија. Чесен полицаец ќе се сретне со газдата на банда која e во бегство, чие таинствено предупредување ќе го поттикне да го спаси Мумбај од катаклизма.

4. „Една пролетна ноќ“ (One Spring Night)

Оваа корејска драма можеби е најчувствителната романтична драма што ќе ја гледате. Станува збор за девојка и момче кои се вљубуваат како никогаш досега. Оваа серија ви ветува емоции како и самосвесен пристап кон љубовта и дружењето.

5. „Девојките од Дери“ (Derry Girls)

Ова е приказна за пет тинејџерки кои растат во Ирска во 90-тите. Како што сугерира насловот, приказната се врти околу девојчињата од ирското гратче Дери. Тие имаат еден пријател, кој постојано е напаѓан од другите, а што ќе се случи со него оставаме сами да откриете. Во серијата можете да го видите и влијанието на родителите врз одлуките на овие тинејџери.

6. „Дух“ (Jinn)

Уникатна серија со натприродни и хорор елементи кои во комбинација со приказната и сложените ликови ќе ве воодушеви. Оваа серија ги следи ликовите на нивното патување низ Петра – дом на антички демони и натприродни феномени, каде што тие случајно повикуваат дух, кој се заканува да го уништи светот.

7. „Злосторство“ (Criminal)

Интелигентна и прецизно дизајнирана серија што го редефинира терминот „истрага“. Што се однесува до географијата, станува збор за антологиска серија од 12 епизоди поделена во четири земји – Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија.

8. „Злосторство во Делхи“ (Delhi Crime)

„Злосторство во Делхи“ не е само вистинска приказна за силување, туку е и сведоштво за проблемите со кои се соочуваат жените во Индија. Вознемирувачка серија во која не можете да предвидите што ќе се случи, но ќе ве уништи со огледалната слика на реалноста.

9. Елита“ (Elite)

Шпанска серија која раскажува за животите на ученици од едно елитно средно училиште. Изгледа како многу тинејџерска мелодрама, но мистеријата за едно убиство во училиштето, ќе ве натера да ја изгледате до крај.

10. „Тихуана“ (Tijuana)

Мексиканска серија која ќе нѐ запознае со опасната игра на моќ, политика, криминал и пари која постои во Мексико. Станува збор за новинари во Тихуана – најлошото место во светот да се биде новинар. Погледнете ја серијата за да откриете зошто е тоа така.

Прочитајте кои се моментално најгледаните ТВ серии на Нетфликс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар