„Love & Anarchy“: Шведска серија која сигурно ќе ве насмее

„Love & Anarchy“: Шведска серија која сигурно ќе ве насмее

Софија живее во извонредно дизајниран стан во Стокхолм со подеднакво извонреден сопруг и двете деца. Оди на работа пеш, во омиленото преголемо палто, со зимска капа и омилената чанта. Изгледот е надополнет со неутрален лак, црвен кармин и минималистички накит, а се занимава со социјалните мрежи и дигитални содржини.

Но, оваа хумористично-романтична серија оди чекор подалеку и открива што се крие зад ваквиот совршен живот. Татко со проблеми со менталното здравје, помлад колега и работа во издавачка куќа, што е далеку од нејзините деловни идеи. Дејството се одвива пред пандемијата, па освен што ќе уживате во погледот на убавината на Стокхолм, ќе ве потсети и на ритамот на живот кој за жал моментално е недостапен за нас. Како и да е, сигурни сме дека ќе може да го подобри и вашето расположение. Ако сакате да се насмеете, ова е серијата за вас!

Прочитајте и за оваа серија која ги прикажува суперхероите со сосема друго лице.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар