Филм: Светот Јура (Jurassic World)

Филм: Светот Јура (Jurassic World)

После 22 години, нов тематски парк е изграден врз стариот парк Јура

(1) Филм: Светот Јура (Jurassic World)Режија: Колин Тревороу

Улоги: Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Тај Симпкинс

Времетраење: 124 минути

Јазик: англиски

Премиера: 12 јуни 2015

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 8,89 од 10)
Loading...

Поминаа 22 година откако се случи трагедијата во оригиналниот парк Јура. Но, со оглед на тоа што во овој момент има над 20.000 гости во новиот тематски парк, можеме слободно да заклучиме дека тој има одлична репутација. Сепак, како и со сите други нешта, така и со диносаурусите луѓето почнуваат да губат интерес, па одвреме-навреме научниците кои работат на враќање нови видови во живот мора да создадат нешто помоќно и пострашно кое ќе го привлече одново вниманието на туристите.

(2) Филм: Светот Јура (Jurassic World) (3) Филм: Светот Јура (Jurassic World)

Токму затоа тие овој пат ни го претставуваат Индоминус Рекс, кој е генетски модификувана комбинација од Тирекс и друг вид диносаурус кој се чува во тајност. Оваа манипулација на гените предизвикала создавање на нов агресивен вид кој е поинтелигентен и помоќен од сите кои досега имавме можност да ги видиме во претходните делови. Токму затоа и воопшто не треба да ве изненади фактот дека работите ќе тргнат наопаку, исто како и секогаш претходно… А бидејќи на луѓето најважна им е својата репутација, како и заработката, ситуацијата со секоја минута само дополнително ќе се влошува.

(4) Филм: Светот Јура (Jurassic World) (5) Филм: Светот Јура (Jurassic World)

Доколку сте фан на претходните филмови за паркот Јура, вие без сомнение ќе бидете воодушевени од овој дел. Диносаурусите никогаш претходно не изгледале толку реално, додека пак пријателскиот однос кој тие го имаат развиено со луѓето ни воведува пријатна свежина во приказната. Од друга страна пак, знаете дека без сомнение филмот е добар штом продуцентот е Стивен Спилберг, а Крис Прат и Брајс Далас Хауард се во главните улоги. Со нивната комбинација едноставно не може да има лош филм…

(6) Филм: Светот Јура (Jurassic World) (7) Филм: Светот Јура (Jurassic World)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар