Филм: Поврзаност (Coherence)

Филм: Поврзаност (Coherence)

Спремни ли сте за кинење на нервите?

Филм: Врска (Coherence)Режија: Џејмс Ворд Биркит

Улоги: Емили Балдони, Мори Стерлинг, Николас Брендон

Времетраење: 89 минути

Јазик: англиски

Премиера: 6 август 2014

Жанр: научно-фантастичен трилер

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (8 гласа, просек: 8,38 од 10)
Loading...

„Поврзаност“ е филм кој може да ви го сврти умот. Тоа е прилично едноставна приказна завиена со одлично креирана научно-фантастична мистерија, така што честопати може да се прашувате што се случува овде и кој ги смислил овие чудни работи кои ги бунат сите кои го гледаат филмот.

Филм: Врска (Coherence)

А сè започнува со вечера на осум пријатели во домот на еден од нив. Разговараат за сè и сешто, озборуваат, се шегуваат, се смеат и зборуваат за една вселенска појава на која се сведоци. Имено, над нив поминува Милеровата комета, која наводно на почетокот на дваесеттиот век предизвикала низа чудни појави во Финска во времето додека поминувала во близина на Земјата.

Филм: Врска (Coherence)

Иако во меѓувреме на површина излегуваат и тајни поврзани со разни сексуални афери и брачни проблеми, сето тоа поминува во втор план кога стравот поради мистеријата што ја носи необичниот астрономски настан почнува да ги обзема нивните мисли. Не знаат какви точно чудни работи искусиле Финците со кометата, но кога кај нив одненадеж ќе снема струја ќе се појави и стравот дека можеби се случува нешто по нејзина вина, или пак некој се шегува со нив на многу невкусен начин.

Филм: Врска (Coherence)

Што и да се случува навистина, пофалбите ги прибира режисерот и сценарист Џејмс Ворд Биркит. Не само за совршената тензија создадена со многу умешност и со многу мал буџет, туку и за изборот на актерите чија изведба е веројатно најдобриот дел од филмот. Филмот заслужува чиста десетка, но ако седнете да го гледате мора да бидете спремни на тенчење на вашите нерви.

Филм: Врска (Coherence)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар