5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнат

Кирилица, латиница, грчко, кинеско и арапско писмо… и тоа се горе-долу сите азбуки за кои знаеме. Иако латиницата е сè подоминантна поради зголемувањето на англискиот јазик на глобално ниво, на планетава сепак постојат и опстојуваат уште многу различни писма, а некои од нив иако не се многу познати, се особено убави.

Мјанмарска (бурманска) азбука

Мјанмарската азбука е составена од симболи кои наликуваат на крукчиња и полукрукчиња кои секогаш се цртаат, односно пишуваат, во правец на движењето на стрелките на часовникот. За жал, Мјанмарците сè поретко ја користат оваа естетски прекрасна азбука поради влијанието на индискиот и англискиот јазик. Таа пред сè се користи во верските храмови за време на церемониите.

5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнат

Сингала

Сингала е азбука која се користи на островот Шри Ланка. Има преку 50 букви, но само 38 од нив редовно се користат во денешно време. Нејзината употреба е сè поретка, па денес се користи само во будистичките манастири, а се изучува и во училиштата.

5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнат

Грузиска азбука

Иако е сместена помеѓу две моќни култури – руската и турската, малата Грузија успеала да го зачува своето оригинално писмо низ годините. Сепак, и таа се соочува со силно влијание на руската култура за време на Советската ера. Наликува на арапското писмо, но е поедноставно за читање.

5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнат

Тагалог

Јазикот на Филипините се нарекува филипино, а ја користат латинската азбука. Филипино е мешавина од јазиците кои одамна се користеле на островот и шпанскиот јазик, а тие стари јазици ја користеле убавата азбука тагалог. Таа потекнува од индо-европските писма и по малку наликува на латинското. И тагалог е азбука во изумирање.

5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнат

Ханачарака

Ханачарака била создадена на индонезискиот остров Јава со цел стандардизирање на индонезискиот јазик. Нејзината употреба слабее по забраната за време на јапонската окупација за време на Втората светска војна, а потоа речиси се губи под влијанието на латинското писмо. Денес се користи само на сообраќајните знаци.

5 убави азбуки кои можат наскоро да исчезнат

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар