Филм: Одмаздници: Завршница (Avengers: Endgame)

Филм: Одмаздници: Завршница (Avengers: Endgame)

Универзумот е уништен по нападот на Танос… Одмаздниците мора одново да се соединат за да го вратат редот и животот!

Режија: Антони Русо, Џоу Русо

Улоги: Роберт Дауни Џуниор, Крис Хемсворт, Марк Рафало, Скарлет Јохансон, Крис Еванс, Крис Прат, Џереми Ренер, Дон Чидл, Пол Рад, Чедвик Боузмен, Бри Ларсон, Том Холанд, Зои Салдана

Времетраење: 181 минута

Премиера: 26 април 2019

Јазик: англиски

Жанр:акција, авантура, фантазија

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка:1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (Нема гласови)
Loading...

 

„Завршница“ е филм што сите ние долго го очекувавме. Ако и вие сте целосно инвестирани во приказната, и ако едвај чекавте да дознаете што ќе се случи по завршните настани во „Војна на бесконечноста“ тогаш без сомнение ќе бидете задоволни од крајниот резултат. Само имајте на ум дека филмот трае неверојатни 3 часа, од кои секоја минута е одлично искористена, па затоа и нема ни да забележите кога ќе помине времето. На кратко, „Завршница“ успева да ја заокружи целата приказна на еден прекрасен, емотивен, срцепарателен и надежен начин, што без сомнение е големо достигнување.

Нашите омилени Одмаздници, поточно оние што успееја да го преживеат нападот на Танос, мора да најдат начин како да го победат, но исто така и да го поништат тоа што тој го постигна. Затоа и ќе мора да тргнат во индивидуални мисии, што од една страна отвора многу нови приказни и нè доближува поблизу до секој од нив, но истовремено и ја губи поврзаноста на која сме навикнати во претходните делови од франшизата. Тие ќе тргнат во сосема различни насоки и малите тимови што ќе се формираат нема да бидат оние што би очекувале.

Имајќи го сè ова на ум, филмот е навистина забавен. Ќе видите цел тон преплети и пресврти и секоја нова сцена ќе ги преврти вашите очекувања наопаку. Ќе загубите многу од карактерите што сте мислеле дека уште долго ќе ги гледате и ќе видите многу од оние што не сте очекувале никогаш повторно да ги видите – кога најмалку ќе очекувате. Ова навистина е филмот во кој сè од универзумот на Марвел се спојува одеднаш, па дури и најголемите фанови можеби ќе пропуштат некои „помали“ ликови што само на момент ќе се појават. Со други зборови, држете ги очите отворени и обидувајте се да го следите секој детаљ, бидејќи сè е важно. И секако, забавувајте се!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар