Филм: Дивјаци (Savages)

Филм: Дивјаци (Savages)

Филм за борбата на едно пријателство против бруталните мексикански нарко-картели

Филм: Дивјаци (Savages)Режија: Оливер Стоун

Улоги: Тејлор Кич, Арон Тејлор-Џонсон, Блејк Лајвли, Бенисио Дел Торо, Селма Хајек, Џон Траволта

Времетраење: 131 минути

Јазик: англиски

Премиера: 6 јули 2012

Жанр: криминалистички трилер

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (27 гласа, просек: 8,26 од 10)
Loading...

Од информативните емисии веројатно знаете колку се брутални мексиканските нарко-картели кога некој им се спротивставува. Има киднапирања, убиства, отсечени глави и сите останати грозоморни дела кои можете да ги замислите. Никој не е амнестиран. Жртвите варираат од обични препродавачи на дрога, па сè до полицајци, судии, јавни обвинители и политичари. Овој филм раскажува приказна во која двајца луѓе ќе застанат против ваквата смртоносна машинерија во име на едно пријателство.Филм: Дивјаци (Savages)Филм: Дивјаци (Savages)Чон (Тејлор Кич) и Бен (Арон Тејлор-Џонсон) се двајца одгледувачи на многу квалитетна марихуана кои од заработката живеат комотен живот на брегот на Калифорнија. Покривот го делат со нивната најдобра пријателка и заедничка девојка Офелија (Белјк Лајвли). Додека си го живеат идиличниот живот, ќе добијат видео клип со луѓе на кои некој им ги сече главите. Тоа е испратено од Ладо (Бенисио Дел Торо), главниот извршител на еден мексикански картел кој сака бизнисот да го шири преку границата. Тие ќе бидат повикани кај раководителите на картелот кои сакаат партнерство со нив, но знаејќи како работат тие, Бен и Чон ќе одбијат.Филм: Дивјаци (Savages)Свесни дека Мексиканците нема да застанат овде и ќе тргнат по нив да ги убијат, двајцата прават планови за бегство во Азија. Ќе ѝ кажат на Офелија дека планираат да ја земат со себе без да ѝ ги кажат причините за заминувањето. Но, пред самото заминување таа ќе биде киднапирана од картелот. Бен и Чон ќе добијат видео повик од водачот на картелот Елена Санчез (Селма Хајек), која ќе ги извести дека Офелија ќе остане во заложништво една година, период во кој тие двајца треба да работат за нив, а во спротивно таа ќе биде убиена. Тие двајца немаат избор освен да ги слушаат наредбите на Санчез, но во исто време ќе коваат планови за ослободување на Офелија. Оттука почнува битката на Давид против Голијат, двајцата најдобри пријатели против дивјаците од моќниот мексикански нарко-картел.Филм: Дивјаци (Savages)На „Дивјаци“ (Savages) не му недостигаат сцени кои ја отсликуваат нечовечноста во светот на бизнисот со дрога. Ова особено се чувствува во оние сцени каде што се појавува Ладо, ликот на Бенисио Дел Торо кој во овој филм дава перформанс за паметење.Филм: Дивјаци (Savages)Дејството е полно со пресврти. Тоа може да го задржи вашето внимание повеќе од два часа, при тоа не можејќи да претпоставите каков ќе биде крајот. Дефинитивно еден од највозбудливите кои се појавија во 2012 година, ова е филм кој не би требало да го пропуштите.Филм: Дивјаци (Savages)



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар