Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

Средното училиште никогаш не било потешко…

Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)Режија: Марк Вејтерс

Улоги: Зои Доич, Луси Фрај, Даниел Козловски

Времетраење: 104 минути

Јазик: англиски

Премиера: 7 февруари 2014

Жанр: акција, комедија, фантазија

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (45 гласа, просек: 7,87 од 10)
Loading...

Лиса Драгомир (Луси Фрај) е кралски член на античка магична раса – Морои. Роуз Хатавеј (Зои Доич), нејзината најдобра пријателка, објаснува дека тие не носат црни наметки, не се претвораат во лилјаци, не спијат во ковчези, ниту пак светкаат. Дневната светлина ги нервира, но не ги убива. Да, тие живеат од крв, но за разлика од вампирите кои ни се нам познати, Мороите не живеат вечно и токму затоа имаат потреба од чуварите. А Роуз Хатавеј е токму тоа, чувар-заштитник. Таа е пола човек, пола Морои, односно Дампир. И благодарение на човечката половина таа се исхранува како и сите останати луѓе. Дампирите ги посветуваат своите животи во штитење на Мороите и живеат само според едно правило, а тоа е дека тие се секогаш први. Но, работите никогаш не се едноставни. Во оваа верзија постојат и лоши вампири, односно Стригои. Тие напаѓаат навечер и можат да бидат убиени само со помош на сребрен колец.

Филм: Академија за вампири (Vampire Academy) Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

Свети Владимир или како што Роуз го нарекува, Академија за вампири, не е воопшто како обично училиште. Тоа е сосема друг универзум. Сите ученици слушаат исти часови како и нормалните ученици во нормалните училиштаa, но откако овие часови ќе завршат Дампирите учат борбени вештини, а Мороите ги посетуваат своите часови за магија. Интересно е што во текот на школувањето секој Морои мора да избере само една магија, без разлика дали станува збор за вода, воздух, земја или оган. Но, уште во првите неколку сцени вие веднаш ќе забележите дека Лиса се издвојува од останатите. Во неа постои нешто што е уникатно и непознато. И токму затоа ќе стане мета.

Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)

Академија за вампири е типична тинејџерска приказна. Дејството се одвива во средно училиште, учениците се поделени на популарни и губитници, постои забранета љубов, се појавуваат закани од соучениците… Накратко, доколку ви се допаднал филмот „Mean GIrls“, со сигурност ќе ви се допадне и овој. Единствената забелешка која вреди да се спомне е дека одвреме-навреме ќе почувствувате како приказната да го губи својот тек и како нешто да недостасува. Но, настрана од тоа, станува збор за лесен и интересен филм со добра доза на хумор и акција кој добро ќе го пополни вашето слободно попладне.

Филм: Академија за вампири (Vampire Academy) Филм: Академија за вампири (Vampire Academy)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар