Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите

Поради тоа што сме преплавени со американски филмови и ТВ серии кои постојано се водат по истите шеми кои сите ние веќе добро ги имаме научено, понекогаш можеме дури и во првите неколку минути да го предвидиме крајот на приказната. Ви звучи познато? Токму поради тоа составивме листа на малку поразлични, но истовремено и одлични британски ТВ серии на кои вреди да им се даде шанса.

1. Доктор Кој (Doctor Who)

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите - гУлоги: Мет Смит, Керен Гилан, Артур Дарвил, Џена Колман

Жанр: авантура, драма, научна фантастика

Премиера: 23 ноември 1963

Сезони: 33

Времетраење: 45 минути

Наша оценка: 10

Кога една ТВ серија трае половина век, дефинитивно би можеле да заклучиме дека има нешто возбудливо и привлечно во неа. Шармантниот и мистериозен Доктор, чие име сè уште не е познато, го освојува срцето на своите верни гледачи веќе 50 години. Станува збор за вонземјанин, последен од својот вид, кој патува во сина кутија која однатре е поголема одошто однадвор. Оние кои добро го познаваат Докторот, накратко го опишуваат како „лудакот кој живее во кутија и личност во којашто не можеш да не се заљубиш“. Тој покрај него секогаш има сопатник, личност од Земјата со која заедно патува низ времето и просторот. Нивните возбудливи авантури најчесто завршуваат со спасување на Земјата, галаксијата или пак, понекогаш дури и на целиот Универзум.

Она што треба да го знаете за оваа ТВ серија е дека никој од глумците не останува подолго од неколку сезони. Докторот е 900 години стар, но кога тој е фатално повреден се регенерира и се враќа повторно во живот – притоа секојпат со нов лик. А нов лик значи и нов сопатник и токму поради тоа, доколку решите да ги следите авантурите на Докторот, бидете подготвени и за честата промена на глумците.

Британски ТВ серии кои не смеете да ги пропуштите

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар