9 понови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

9 понови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

Французите навистина знаат да направат добри филмови за вечните вредности, а најважното од сè е што го прават тоа на природен, топол начин. Речиси секој француски филм ќе ве натера да размислувате длабоко. Па ако ви е доста од холивудски филмови, дајте ѝ шанса на француската кинематографија.

1. „Црна плима“ (Fleuve noir)

9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

Франсоа Висконти го истражува исчезнувањето на еден тинејџер. Сите изгледаат сомнително – родителите на момчето, неговата учителка и речиси секој што го познавал. Со секоја измината минута се намалуваат шансите да се најде момчето.

2. „Една нација, еден крал“ (Un peuple et son roi)

9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

Филмот раскажува за настаните што се случиле во 1789-та година, за време на почетокот на Француската револуција.

3. „Се чувствувам добро“ (I feel good)

9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

Роднините и пријателите на Жак постојано работат, имаат бескорисни хобија и не прават ништо друго. Наскоро тој ќе полни 50 години и не сака да го живее животот на неговите пријатели. Жак сака да се збогати што е можно побрзо, а фактот дека има само бела бањарка и пар влечки воопшто не го плаши.

4. „Ветување во зората“ (La promesse de l’aube)

9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

Филмот е направен според автобиографијата на авторот Ромен Гари. Ова е приказна за самохрана мајка која му кажала на синот дека ќе има прекрасна иднина, и покрај тоа што минуваат низ навистина тежок период. Благодарение на цврстата верба и љубовта, нејзиниот син ги остварува неговите соништа.

5. „Верен маж“ (L’Homme fidèle)

9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

Ова е приказна за маж чиј живот секогаш е полн со радост и со разочарување. Неговата бивша девојка му се враќа, откако го оставила за неговиот најдобар пријател кој неодамна умрел.

6. „Потони или пливај“ (Le grand bain)

9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

Ако луѓето навистина сакаат да направат нешто, никако не можете да ги сопрете. Во Франција, 7 пријатели се собираат за да направат едно нешто. Сакаат зад нив да ги остават животите на возрасните и проблемите. Но, начинот на којшто сакаат да го направат ова е навистина интересен.

7. „Миа и белиот лав“ (Mia et le lion blanc)

9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

11-годишно девојче се сели од Лондон во Африка со нејзиното семејство. Таа расте на фарма каде што наоѓа нов пријател – мал бел лав по име Чарли. Кога лавот ќе порасне, таткото на девојчето сака да го продаде со цел да ја спаси нејзината пријателка. Но, тогаш девојчето бега од дома.

8. „Полна куќа“ (Les dents, pipi et au lit)

9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

Антоан, кој е ерген што сака да се забавува, живее во прекрасен стан со неговиот пријател Том. Том планира да се сели во Лос Анџелес и пред да замине му наоѓа нов цимер. Новиот цимер е убава жена со две мали деца.

9. „Реми, ничие момче“ (Rémi sans famille)

9 нови француски филмови што секој љубител на киното би требало да ги изгледа

10-годишниот сирак по име Реми среќава еден музичар. Заедно патуваат низ Франција во 19-тиот век, а Реми пее за да заработи пари. Момчето ужива во неговиот живот, има пријатели животни и дознава нешто повеќе за неговите родители.

Погледнете и некои од највисоко рангираните филмови на IMDb.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар