7 навистина добри серии кои може да ги гледате на Нетфликс

7 навистина добри серии кои може да ги гледате на Нетфликс

Зачинете ги есенските ноќи со забавни приказни кои овие денови можете да ги најдете на Нетфликс. Во продолжение следуваат 7 ТВ серии кои ќе ве опуштат за време на ладните есенски вечери.

7 навистина добри серии кои може да ги гледате на Нетфликс

1. „Народот против О. Џ. Симпсон“ (The People vs. O.J.Simpson)

Случајот за познатиот американски спортист Симпсон уште подобро ќе го разберете преку оваа мини серија снимена според вистински случувања. Светот го познава како сјаен играч на голф, а потоа цела кариера му е прикриена со сенка поради убиство кое ја потресе цела американска јавност. Баш поради тоа, ви ја препорачуваме оваа серија.

2. „Портокаловото е ново црно“ (Orange is the New Black)

Седмата, воедно и последна сезона на совршен начин ја заклучува серијата во која видовме многу необични пријателства во еден американски женски затвор. Иако последната сезона најмногу се фокусира на Пајпер и нејзиното излегување од затвор, како што тече приказната, така ги откриваме и судбините на останатите ликови.

3. „Почудни нешта“ (Stranger Things)

Третата сезона на суперпопуларната серија веќе некое време е достапна на Нетфликс, и ако сѐ уште не сте ја гледале, дефинитивно треба да почнете. Симпатичната екипа повторно е собрана во борбата против новото чудовиште. Ова е една од оние серии кои ве освојуваат уште од првата епизода, па затоа не се чудете ако се заразите со неа.

4. „Што/Доколку“ (What/If)

Ќе ја видите Рене Зелвегер во сосема поинаква улога од она на што сте навикнати. Во оваа серија таа ја глуми моќната и застрашувачка Ен Монтгомери. Станува збор за трилер кој најмногу се фокусира на Рене, но е секако одличен избор доколку барате серија која ќе ве заинтригира уште од почетокот.

5. „Руска кукла“ (Russian Doll)

Сјајната Наташа Лион одлично се снајде во улогата на Нади која секојдневно умира и повторно се враќа меѓу живите, и баш нејзината глума ја прави оваа серија посебна. По малку провокативна, а во исто време неверојатно смешна, оваа серија се гледа во еден здив и е една од оние приказни кои ќе ви ги тргне мислите од секојдневните грижи.

6. „Секс едукација“ (Sex Education)

Барате едноставна, забавна серија која во центарот ги става средношколските проблеми? Ова е вистинската серија за вас. Освен што ќе ве насмее, на моменти ќе ве потсети и на вашите први сексуални искуства.

7. „Бирмингемска банда“ (Peaky Blinders)

Сигурно веќе некој ви ја препорачал оваа ТВ серија, а ние се вклучуваме со препораките. Дури и да не сте фан на историски приказни, опасните дечки од Бирмингем ќе ве натераат да ја изгледате цела сезона во еден здив. И потоа ви остануваат уште останатите осум.

Погледнете ги и овие серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар