5 романтични филмови кои ја прикажуваат љубовта каква што е навистина

5 романтични филмови кои ја прикажуваат љубовта каква што е навистина

Љубовните врски понекогаш се комплицирани. Сите парови наидуваат на различни пречки и не постојат врски без проблеми. Доколку сакате вистински љубовни приказни што ги прикажуваат љубовните врски со сите компликации и тешкотии, погледнете ги следниве 5 филмови.

1. „Како луд“ („Like Crazy“)

Се прашувате со какви проблеми се соочуваат паровите што имаат врска на далечина? Овој филм ќе ви одговори на тоа прашање. Приказната започнува со романтично вљубување на прв поглед, кое многу брзо се претвора во страдање и исчекување што нема крај. Што се случува кога Англичанка и Американец ќе се вљубат лудо еден во друг и одлучуваат да ги прекршат барањата за виза? Различни временски зони, пропуштени повици, оддалеченост и одвоени животи кои е многу тешко да се поврзат.

2. „Сината е најтопла боја“ („Blue is the Warmest Color“)

Дали некогаш ви се случило да се оддалечите од блиска личност затоа што едноставно започнавте да се развивате со различно темпо и во различни насоки? Иако тоа е сосема нормална животна појава, разделбата е ужасно болна кога се случува помеѓу луѓе што се сакаат. Овој филм е приказна за првата љубов, за истражувањето на сексуалноста, за хомофобијата, за стравот од осуда, за разликите и за созревањето.

3. „Вечното сонце на беспрекорен ум“ („Eternal Sunshine of the Spotless Mind“)

Не постои личност која не сакала да ги избрише спомените што ја потсетуваат на поранешната љубов за време на болното раскинување. Во овој филм е можно тоа и ќе откриете што се случува кога некој ќе одлучи да го избрише споменот на големата љубов. Оваа надреалистична бајка на многу реален начин го покажува страдањето низ коешто секој поминал по раскинувањето.

4. „Само ти“ („Only You“)

Приказната започнува идилично, маж и жена се обидуваат да влезат во истото такси и одеднаш се вљубуваат. Наскоро одлучуваат да живеат под ист покрив и да го прошират семејството, а потоа почнуваат да се појавуваат проблемите. Овој филм совршено покажува колку тешките периоди од животот може да влијаат и да предизвикаат сомнеж дури и врз најголемата љубов.

5. „Тажна врска“ („Blue Valentine“)

Овој филм е еден од најтешките и најтажните филмови што некогаш ќе ги гледате. Преплетувањата на сцени од среќни денови со сцени од тешки периоди ќе ви го скршат срцето. Оваа љубовна приказна ќе ве потсети колку се кревки врски ако не се трудите доволно.

Погледнете ги овие романтични комедии што ќе ве натераат повторно да верувате во љубовта.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар