10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат - Part 2

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

6. „Забава за збогување“ (The Farewell Party)

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Режисери: Шерон Мејмон и Тал Гранит

Еден човек кој е сместен во дом за пензионери во Ерусалим создава машина со која еден негов пријател може да си даде смртоносна доза лекови за смирување. Но кога неговата жена се соочува со сериозни проблеми со здравјето, неговите чувства за машината стануваат многу комплицирани. Овој филм ќе ве натера да се смеете, но и да плачете. Навистина одлична рамнотежа помеѓу комедија и драма.

7. „Замисли си дека сум убава“ (Imagine I’m Beautiful)

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Режисер: Мередит Едвардс

Оваа психолошка драма ја прикажува тенката линија помеѓу себеспознавањето и уништувањето. Една млада жена по име Лана се доселува во Њујорк обидувајќи се да започне нов живот, но завршува како цимерка на проблематичната Кејт. Двете девојки се поврзуваат, сè додека една од нив не открие нешто што засекогаш ќе им ја промени врската.

8. „Бабадук“ (The Babadook)

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Режисер: Џенифер Кент

Во овој застрашувачки хорор, една мајка се обидува да го заштити својот син од злобно битие кое избегало од страниците на книга за деца. Ако мислите дека жените можат да прават само романтични филмови, изгледајте го ова ремек-дело. Навистина страшен, но неверојатно добар филм.

9. „Песни на кои ме научија браќата“ (Songs My Brothers Taught Me)

10 одлични филмови од женски режисери што вредат да се изгледаат

Режисер: Клои Жао

Овој филм го прикажува модерниот живот во индијанскиот резерват Пајн Риџ. Во филмот се раскажува за поврзаноста помеѓу брат и неговата помала сестра кои треба да тргнат на разни патишта за да го откријат значењето на домот. Режисерката користи луѓе кои не се актери и тоа резултира со навистина искрен перформанс. Таа на неверојатен начин ја комбинира едноставноста на документарците со структурата на фиктивна приказна.

10. „Погрешен“ (Mudbound)

(10)10-odlichni-filmovi-od-zhenski-rezhiseri-shto-vredat-da-se-izgledaat-kafepauza.mk

Режисер: Ди Рис

Лора Мекалан се обидува да ги изгледа своите деца на фармата на нејзиниот сопруг во делтата на Мисисипи. Ова место го смета за непознато и застрашувачко. Сред сите проблеми на семејството, двајца млади мажи се враќаат од војната за да работат на фармата. Во филмот одлично е прикажана напнатоста помеѓу црните и белите луѓе во САД. Во филмот има моменти со човечност, хумор, па дури и забава. Ова е филм кој секој би требало да го изгледа.

Погледнете ги и филмовите кои секоја жена треба да ги изгледа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар