10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година - Part 2

10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

6. „Доверба“ (Trust)

10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

Пол Гети е тајкун што тргува со нафта и е еден од најбогатите луѓе во историјата. Секогаш бил опкружен со луѓе кои сакале дел од неговото богатство – семејство, пријатели, непријатели… Еден ден неговиот внук е киднапиран, а киднаперите му бараат откуп од 17 милиони долари. Оваа сума е безначајна за Пол, но тој јавно изјавува дека не сака да плати.

7. „Ужас“ (The Terror)

10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

Во 1845-та година, Џон Френклин води експедиција со два воени брода. Целта му е да ги истражува северните брегови на Канада. Наскоро двата брода исчезнуваат без трага и нов тим истражувачи одат да ги бараат. Серијата е направена според истоимената книга, која пак е напишана според вистинска експедиција.

8. „Јелоустон“ (Yellowstone)

10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

Јелоустон е првиот национален парк во светот и е најпосетеното место во САД. Но овде се случиле многу нешта во минатото. Семејството Датонс кое имало голем ранч, ги избркало Томас Рејнвотер и Ден Џенкинс од нивната земја. Чувствувајќи страв за претстојната војна, главниот лик се обидува да ја поправи врската со неговото семејство кое сè повеќе се оддалечува од него.

9. „Бери“ (Barry)

10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

Главниот лик, Бери, е поранешен маринец и несмасен убиец. Оди во Лос Анџелес на мисија каде што случајно завршува на аудиција за актери. Инспириран од атмосферата, Бери одлучува да го промени неговиот живот и да стане актер. Ако сакате добра комедија, дајте ѝ шанса на оваа.

10. „Првиот“ (The First)

10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

Ова е приказна за поранешниот астронаут на НАСА, Том Хагерти, кој се подготвува за мисија на Марс. Минува низ тежок период и мора да се соочи со многу – неговата сопруга умира под чудни околности, ќерка му е зависник, а мисијата е осудена на пропаст.

Дали знаете кои се најконтроверзните серии на сите времиња?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар