10 филмови што треба да ги изгледате пред да се запишете на факултет

Затворањето на едно поглавје и почнување друго за сите идни студенти е голем предизвик. Завршувањето на средното образование и одлуката за продолжување на школувањето на некој Универзитет треба да биде лично ваша одлука. Ако сте одлучиле да се запишете на факултет и од есен ќе бидете бруцоши, ќе ви требаат совети за полесно прилагодување на новиот начин на живот. Од вас зависи како ќе ја доживеете адаптацијата затоа што некои многу лесно се адаптираат на нови услови, а некои потешко. За да знаете отприлика што ќе ве очекува, мора да ги погледнете овие предлог филмови пред да го добиете вашиот индекс.

1. „На патот до ѕвездите“ (Pitch Perfect)

Филмот совршено ја опишува анксиозноста и новитетите на почетокот на бруцошката година. Ана Кендрик која ја игра Бека е амбициозна диџејка, а татко ѝ е професор којшто ја форсира да се запише на факултет барем една година. „На патот до ѕвездите“ вклучува чудни факултетски обичаи, слатки и сериозни момци и шанса за промена на однесувањето пред една целосно нова етапа.

2. „Соседи“ (Neighbors)

Многу универзитетски градови ги обединуваат студентите и локалните жители во мирен соживот, посебно во недела наутро во кафулињата, но „Соседите“ продираат подлабоко во тоа што се случува кога ваквите врски се ужасно погрешни. Брачниот пар Мек (Сет Роген) и Кели (Роуз Берн) дознаваат дека до нив се вселиле студенти во заедница. Кога ќе го сретнат шармантниот лидер Теди (Зак Ефрон) даваат ветување дека ќе го повикаат него наместо полиција доколку се пожалат од бука што доаѓа од нивната заедница. Теди и неговата банда одат во екстремности. Тоа ќе ги инспирира Мек и Роуз да се борат за нивниот мир што ги потсетува бруцошите дека треба да се почитуваат сите локални семејства. Можеби ќе бидете студент во тој град четири години, но тие луѓе го изградиле таму нивниот живот со причина.

3. „Слободни уметности“ (Liberal Arts)

Џош Раднор попознат по улогата на Тед Мозби од „Како ја запознав вашата мајка“ (How I Met Your Mother), го глуми Џеси кој копнее по романтизмот и слободата од неговите студентски денови. Кога се враќа на универзитетот каде што дипломирал за да го прослави пензионирањето на професорот, се среќава со 19-годишната студентка Зиби (Елизабет Олсен) и се поврзува со неа благодарение на нивните перспективи за светот. Двајцата се поврзуваат на романтичен начин, но пораката е дека треба да се разбере влијанието на искуството стекнато за време на студиите и да се прифати дека тоа останува во минатото.

4. „Животинска куќа“ (National Lampoon’s Animal House)

Филмот ги следи членовите на заедницата кои одлучуваат да го предизвикаат деканот. Она што ќе се случува понатаму се само еден вид студентски авантури што повеќето можат да ги сонуваат или барем да ги посведочат од удобноста на нивните домови. Можеби не е реалистичен, но овој филм нагласува дека некои аспекти од искуството стекнато на колеџ се само бесмислени и треба да предизвикаат насмевка.

5. „Насмевката на Мона Лиза“ (Mona Lisa Smile)

Можеби ќе влезете на факултет со организиран план како да ги „соборите“ годините со раце полни работа, но неколку недели ви се потребни за да сфатите колку поинакво било вашето мислење за тоа чудно предавање по креативни уметности. Сместен во 1950-те на женски универзитет, „Насмевката на Мона Лиза“ ја вклучува Џулија Робертс во главна улога како професорка по историја којашто се обидува да ги убеди нејзините студенти дека бракот и мајчинството не се единствена опција во нивните животи. Модерните жени очигледно се поттикнати да постигнат сè и сешто, но филмот поучува дека менувањето на вашите долготрајни планови или држењето до плановите е сосема во ред ако таа одлука ве прави среќни.

6. „Универзитет на чудовишта“ (Monsters University)

Повторувајте: „Не мора да бидете најдобри пријатели со вашиот/ата цимер/ка“. Филмот опишува како Мајк (Били Кристал) и Сули (Џон Гудман) стануваат најдобри пријатели, а претходно биле цимери што се соочувале со караници, но двајцата имаат заедничка цел со различни постигнувања. Задолжително треба да го погледнете сите вие што ќе делите ист покрив со некого. Живеењето со странец првите неколку недели нема да биде лесно, но брзо ќе постигнете хармонија и ќе се синхронизирате како Мајк и Сули доколку се потрудите.

7. „Среќен ден на смртта“ (Happy Death Day)

Овој филм ја следи студентката која неколкупати е убиена и исто толку пати воскреснува и одново го живее истиот ден. Иако филмот е забавна хорор приказна, тој претставува доволен приказ на студентскиот живот на соодветен начин. Од премногу пиење на забава до избегнување на луѓе со барања, Три (Џесика Рут) има нормален ден и таа се обидува да го надмудри убиецот, а тоа можете да го споредите со материјалот за учење што ќе го имате во првата недела на факултет.

8. „Драги бели луѓе“ (Dear White People)

Саманта студира на Универзитет во Винчестер каде што доминираат белците, а ја користи платформата каде што работи како радио водител за да почне тема на разговор за расизмот, додека таа и нејзините студенти црнци водат жестока дискусија за тој проблем. Овој филм е добар потсетник дека треба да се остане отворен за да можат да се сфатат другите.

9. „Куќна зајачица“ (The House Bunny)

Кога женска социјална група составена од чудни девојки ќе забележи колку е Шилеј заостаната со момците, тие ќе ја одведат кај нивната мајка/учителка. Како што ќе ѝ расте самодовербата Шилеј ќе мора да заблеска однатре за да ја импресионира симпатијата на факултет. Ваквите приказни се пример колку е важно да припаѓате во група како студент. Можеби тоа ќе значи дека ќе има лоши почетоци, но доколку се ставате себеси во непознати ситуации тоа може да ви помогне да изградите сопствено семејство на факултет.

10. „Легално русокоса“ (Legally Blonde)

Овој популарен филм е класика со причина. Одлучена во настојувањето повторно да го освои нејзиното поранешно момче, Ел Вудс успешно ја примаат на правниот факултет во Харвард, но таа набрзо открива дека има природен талент за владеење на правото. Изнесува различни мислења од колегите и професорите и сознава дека има способност за да создаде свои ставови. Факултетот е погоден за правење грешки, но и нивно надминување, како што потврдува и Легално русокосата, а понекогаш најлошите збрки можат да бидат причина за понатамошни најголеми промени.

Дознајте и кои нови филмови се направени според вистински настани.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар