Зошто сте посреќни кога сте сингл, според вашиот хороскопски знак?

Некои луѓе не можат да поднесат да бидат сами. Повеќето ќе се согласат дека убаво е да се биде во љубовна врска, бидејќи кога имаме добар партнер покрај себе, може да се чувствуваме исполнети на безброј начини. И покрај тоа што е убаво да искусувате работи заедно со партнер, кога ќе сфатите дека половина од времето го поминувате во несогласувања околу тие искуства и планови, тогаш сфаќате дека да се биде во врска, е далеку од идеално.

Зошто сте посреќни кога сте сингл според вашиот хороскопски знак

Напротив, понекогаш е подобро да бидете во врска со самите себеси, бидејќи немате потреба постојано да му објаснувате на некој зошто сте такви какви што сте, не треба да го зимате предвид багажот од минатото којшто го носи со себе личноста што е секојдневно покрај вас и никој нема да ви ги краде ќебињата и да ви ‘рчи додека спиете навечер.

Всушност, да се биде сингл е многу помалку стресно отколку да се биде во врска и има многу предности. Самостојно донесувате одлуки кој филм сакате да го гледате, која храна сакате да ја јадете, го имате сето слободно време на светот за дружби и активности коишто ве исполнуваат и многу други предности.

Затоа, земете длабоко воздух, вдишете релаксација и издишете ја сета драма којашто следува после болните раскинувања. Без разлика колку време поминало откако сте сингл, продолжете да читате и дознајте зошто ова е период од животот, за којшто треба да бидете благодарни и можете многу да научите за себе.

Овен

Сега е моментот кога треба да ѝ дозволите на вашата натпреварувачка природа да заблеска во полн сјај. За вас, сè во животот претставува предизвик па дури и бројот на телефонски броеви коишто можете да ги дознаете и внесете во вашиот именик, во само една вечер. Кога сте во врска, на вашата друга половина не ѝ се допаѓа кога сè околу себе сфаќате како предизвик, но вашите пријатели со коишто талкате низ баровите, ја обожаваат оваа ваша страна. Без разлика дали ќе ги покажувате вашите таленти во друштвени игри, флертувајќи со новозапознати луѓе или во кариерата, битно е да го правите она што го сакате најмногу и да се покажете пред светот.

Бик

Да не звучи како клише, но сега е моментот да почнете да правите сè на начинот на кој вие сакате да биде. Кога сте сингл, вие немате потреба да се договарате и спогодувате со никој друг, освен со сами себе, кога сакате да одлучите која опција да ја одберете помеѓу две или повеќе. Без разлика што и да сакате да постигнете во животот, уживајте во моќта да го правите она што знаете дека е најдобро за вас, без да треба првин да се расправате со некој, за да му го докажете тоа.

Близнаци

Дали вашиот бивши партнер ве критикуваше дека премногу излегувате? Епа сега сте сингл и можете да излегувате кога и да посакате, со кого и да посакате. Дозволете ѝ на вашата социјална пеперутка да заблеска под Сонцето, наместо да се преправате дека сте домашар, којшто никогаш не сте ни сакале да бидете. Вашиот омилен бенд ќе настапува во градот? Купете карта и појдете да го чуете во живо! Има нова театарска претстава којашто сакате да ја погледнете? Сторете го тоа. Немојте само да заборавите да им дадете храна на рибите дома, поради тоа што чувствувате премногу возбуда.

Рак

Вие сте многу повеќе одошто другите мислат за вас. Кога сте сингл, вие немате намера да му дозволите на никој да ве влечка и шета надвор низ светот. Вам ви е битно да гледате безброј филмови и ТВ серии во овој момент и да ги организирате вашите финансии. Не, ова не значи дека вие сте недружељубиви или досадни. Едноставно, во овој период не ви е потребно да поминувате многу време со други луѓе, ниту во живо, ниту онлајн. Посветете си малку време на сами себе и креирајте ја вашата идеална оаза.

Лав

Не се залажувајте Лавови, сите знаеме дека обожавате да бидете во центарот на вниманието. Кога сте сингл, сакате да се истакнете со сè што имате и на тој начин да се покажете во добро светло, пред секој што ќе ви „фрли“ око. Затоа, ова е идеален период за вас да уживате во сиот тој восхит и аплауз од вашите обожаватели. Воедно, ако успеете да забележите колку вредите додека се огледувате пред огледалото, не заборавајте да си упатите бакнеж кон сами себе. Вие сте генијални и го знаете тоа.

Прочитајте за останатите хороскопски знаци, на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар