Жената во овој знак е незаборавна: Ќе ви покаже љубов каква што не сте почувствувале досега

Таа е комплексна по природа и ги сфаќа врските сериозно. Ќе ви покаже љубов каква што не сте почувствувале досега и кога еднаш ќе бидете со неа, веќе никогаш повторно нема да се вратите на „обичните“ врски. Таа ќе разбуди во вас нешто сосема ново и ќе ве „зарази“ со својата автентичност и моќност.

Жената во овој знак не ги следи другите, таа се следи себеси. Ги прави работите на свој начин. Таа не е тука за сите, туку само за оние што вистински ги љуби. Затоа и луѓето ја нарекуваат тешка или интензивна, најчесто бидејќи се чувствуваат загрозени од неа. Но, нејзините блиски знаат дека таа е страсна, лојална и вистински пријател.

Врската со оваа жена значи дека ќе ги имате некои од најдобрите денови во вашиот живот. Но, и некои од најлошите. Сепак, дури и во тие моменти постојано ќе се враќате назад, барајќи повеќе, бидејќи таа едноставно ќе влезе под вашата кожа. Таа има силна интуиција и способност да ги чита другите, па затоа и ќе ве познава подобро одошто се знаете самите.

Таа е одлична кога станува збор за контролата, го прави тоа што сака да го прави и кога сака да го прави. И најинтересното е дека ќе ви биде многу лесно да ја следите, бидејќи секоја нејзина идеја е толку привлечна, што ќе се прашувате како вие не сте се сетиле на неа. И секако, таа предложува сè мислејќи на интересите и на двајцата.

Во работата, како и во врската, кога оваа жена ќе зацрта нешто – таа ќе го исполни! Постојано презема иницијатива и не чека никој да ги носи одлуките наместо неа. Таа е мотивирана и никогаш срамежлива кога станува збор за нештата што ги сака – во кариерата, но и во љубовта! Но, нека не ве плаши ова, бидејќи таа е директна, но нежна истовремено.

Поголемиот дел од жените родени во овој знак имаат тежок оклоп што треба да го скршите доколку сакате да ви дозволат да влезете во нивниот живот. Тие едноставно не се заљубуваат лесно. Но, доколку можете да се носите со неа, на крајот ќе сфатите дека таа навистина вредела за секој момент.

И кога еднаш ќе ја освоите нејзината љубов, како и нејзината доверба, таа ќе ве почитува, ќе ве мотивира и ќе прави да се чувствувате живи на повеќе нивоа! Таа ќе ја доведе авантурата во вашиот живот и ќе ве тера постојано да бидете најдобрата верзија од себе. А за која жена зборуваме? Па, за Скорпијата секако!

Дознајте и како треба да ги љубите припадниците на знакот Скорпија.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар