Венера во аспект со Нептун: Прочитајте какви предизвици ќе ви донесе денешниот ден

Венера во аспект со Нептун: Прочитајте какви предизвици ќе ви донесе денешниот ден

Денес, Венера која минува низ знакот Стрелец и Нептун кој минува низ знакот Риби се во предизвикувачки аспект. Кај вас може да се појави чувството на вина или некаков инстинкт да им помагате на другите, додека вашите потреби ќе останат незадоволени. Сонувате со отворени очи, додека реалноста очајно се обидува да ве разбуди. Доколку бидете внимателни, ќе забележите мали, но важни знаци покрај патот.

Венера во аспект со Нептун: Прочитајте какви предизвици ќе ви донесе денешниот ден

Ваквата состојба може да потрае неколку дена. Не се однесувате кон нештата на разумен начин, можеби сте во некаква заблуда, можеби сакате да живеете во заблуда, а притоа ја избегнувате реалноста. Не сакате да се соочите со вистината и тоа може да ви донесе проблеми особено доколку овој процес трае подолго време.

Го гледате светот низ розови очила што може да предизвика кај вас состојба на еуфорија, возбуда, занес, вљубеност, но во моментот не се сите карти отворени. Некој во ваша близина носи маска, се обидува да ве заведе, се прикажува во подобро светло отколку што навистина е. Вие пак, бегате од сето тоа и не сакате да си признаете дека е така.

Ова сознание нека ви послужи да станете посвесни за тоа што очекувате во вашите односи со другите. Запрашајте се: зошто сме заедно? Дали навистина сакам да бидам со него/неа? Што ни е заедничко? Дали оваа врска ќе му помогне на мојот личен развој?

Целта на овие прашања е да ве натераат да вложите труд, време и енергија за да ја анализирате вашата врска. Доколку сфатите дека врската не придонесува за вашето созревање како личност, тогаш подобро би било да ја прекинете.

Токму малите знаци на кои ќе наидете ќе ве потсетат дека не е сè така розово и ќе ве насочат кон вистинскиот пат.

Откако дознавте какви предизвици ве очекуваат денес, можеби ќе сакате да дознаете и кои 3 хороскопски знаци ги очекува неверојатна среќа до 22 ноември 2021.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар