3 хороскопски знаци ги очекува неверојатна среќа до 22 ноември 2021, проверете кои се!

3 хороскопски знаци ги очекува неверојатна среќа до 22 ноември 2021, проверете кои се!

Денес ќе настапи феноменот Сонце во Скорпија и ќе трае сè до 22 ноември, период што за некои ќе значи време на голема среќа, а за други предизвик. Скорпијата е воден знак, длабок, емотивен и интуитивен, па според тоа и ние ќе „нурнеме“ во чувствата. Ќе имаме одлична комуникација со другите, но ќе бидеме и желни да ги разбереме чувствата и внатрешната состојба на луѓето околу нас. Ќе биде доволно еднаш да им погледнеме во очи и да им ја прочитаме душата.

3 хороскопски знаци ги очекува неверојатна среќа до 22 ноември 2021, проверете кои се!

Можеби на моменти ќе бидеме ранливи, но ќе бидеме исто толку и храбри. Скорпијата, покрај другото, симболизира трансформација што значи дека овој период нè очекуваат многубројни промени. Што се однесува до кариерата, ќе бидеме поамбициозни, а кога станува збор за љубовта, ќе почувствуваме спој од романтична енергија и страст. Во овој период, владеењето на Скорпијата нема да биде поволно за Бикот, Лавот и Водолијата, а еве на кои 3 знаци ќе им се насмевне среќата:

Рак

Сонцето во Скорпија има моќ да го активира 5-тото поле на вашата натална карта што управува со романтиката и забавата, така што можете да очекувате убави моменти. Ретроградниот Меркур не помина незабележано за вас, па затоа размислете како сакате да надоместите за тоа. Самите ќе се зачудите од тоа колку лесно ќе се запознавате со нови луѓе, ќе комуницирате и флертувате, но и ќе ги заразите другите со своето позитивно расположение. Ова е совршениот момент да го зачините вашиот љубовен живот и да се забавувате.

Скорпија

Среќен роденден на сите кои се родени во овој знак! Ова е вашето време и затоа треба да уживате до максимум. Размислете што ви е најважно во животот. Дали е тоа семејството, кариерата или партнерот? Размислете што сакате да постигнете на секое од овие полиња и верувајте во себе дека ќе ви се оствари замисленото, па дури и повеќе од тоа. Работете напорно, направете план и впуштете се смело во акција. Што и да започнете, ќе ве следи среќа на секој чекор!

Риби

Следниот месец ве очекува вистинска авантура! Тоа е одлично време да одите на патување со пријателите или пак на романтичен излет со партнерот, а исто така доколку планирате да се преселите, ноември ќе биде вистинскиот месец за тоа. Доколку не сте во можност да отпатувате некаде, направете го тоа барем со мислите, а кој е поголем фантазер од луѓето родени во овој знак! Затворете ги очите и визуализирајте ги вашите желби – ако искрено ги посакувате, којзнае, можеби и ќе се остварат. Освен тоа, ќе имате исклучително добар социјален живот. Уживајте!

Откако дознавте кои 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во ноември, можеби ќе сакате да прочитате и на што треба да внимава секој хороскопски знак до крајот на 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар