Вашиот хороскоп за лето 2018 вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрации - Part 2

Вашиот хороскоп за лето 2018, вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрации

Лав

На почетокот од летото ќе се чувствувате многу спиритуално и интуитивно. Ќе почувствувате потреба од медитација, со цел да ја прочистите и преструктуирате вашата душа. Патот до личниот мир и хармонија, нема да ви биде лесен, но не престанувајте да се обидувате, бидејќи на крајот ќе се исплати.

На средината од летото, кај вас ќе биде истакната самодовербата, којашто и онака природно ја имате и ќе си ги ставате вашите потреби на прво место. На моменти, може да се чувствувате како светот да има заговор против вашите вистински потреби. Како и да е, мора да останете цврсти.

Целата посветеност на вашата самодоверба, позитивно ќе се одрази и на вашата кариера. До крајот на летото, ќе се почувствувате инспирирани да ја насочите енергијата кон сериозна заработка на пари.

Девица

Како што ќе започне летото, вие ќе бидете привлечени од големи толпи, друштва сочинети од голем број пријатели и потреба од припадност во заедницата. На моменти, може да се чувствувате како да не припаѓате никаде. Ќе ви биде потребно спокојство, а ќе ви изгледа дека каде и да одите, се случува некаква драма. Во текот на овој турбулентен период, ќе дојдете до заклучок кои луѓе треба да останат во вашиот круг на пријатели, а кои не.

Кога ќе ви помине фазата на екстровертност и прекумерна социјализација, ќе сакате да се посветите на вашата спиритуална страна и длабоко ќе размислувате за вашите потреби во животот. Во текот на овој период, веројатно ќе откриете многу за себеси и за начинот на којшто сакате да го живеете вашиот живот.

Сета оваа преобразба, позитивно ќе се одрази на вашето себеспознавање и во вас ќе се роди силна волја и непробојна самодоверба. На крајот од летото ќе се чувствувате многу моќно и енергично.

Вашиот хороскоп за лето 2018 вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрации

Вага

На почетокот од летото, ќе ви биде многу важно каков впечаток им оставате на другите луѓе. Може да мислите дека не го добивате признанието коешто го заслужувате или дека вашите способности поминуваат незабележано од страна на останатите. Овој страв, ќе ве натера да работите понапорно од вообичаено.

При средината на летото, ќе бидете дел од многу социјални случувања, ќе се зближите со вашите пријатели и ќе присуствувате на секој летен настан, на којшто ќе наидете. Ќе излезете надвор од вашата удобна зона и ќе сакате да формирате нови пријателства.

На крајот од летната сезона, ќе ви биде доста од забавување и социјализација, па ќе ја фокусирате вашата енергија на прочистување на вашиот дух, длабоко навирајќи во вашата потсвест. Сите одговори ќе се кријат во вашата интуиција.

Скорпија

На почетокот од летото, ќе имате потреба да заминете некаде на летување или на авантуристичко патување со голем ранец. Ќе бидете инспирирани да ги раширите крилјата, да ги проширите хоризонтите и да живеете поавантуристички. Овие душевни патувања нема да бидат лесни, но од нив ќе извлечете многу лекции.

Кога ќе се вратите назад во реалноста, ќе бидете инспирирани да работите на вашиот имиџ, да ја зајакнете вашата кариера и да се фокусирате на постигнување успеси. Во одредени моменти, може да се чувствувате како да не добивате доволно признанија за вашиот труд, но тоа ќе ве мотивира да се обидувате уште повеќе.

При крајот од летото, ќе сакате да поминувате повеќе време со одредена група пријатели, со коишто со задоволство ќе ги споделувате вашите лични достигнувања и успеси.

Прочитајте го летниот хороскоп за преостанатите знаци, на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар