Вашиот хороскоп за лето 2018 вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрации - Part 3

Вашиот хороскоп за лето 2018, вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрации

Стрелец

На почетокот од летото, ќе почувствувате целосна лична преобразба. Овој период, ќе ви биде болен, тежок, еуфоричен и ќе ви ги отвори очите за некои работи. Како и да е, од сето ова искуство, ќе се издигнете од пепелта и ќе полетате како феникс. Веројатно, ќе се чувствувате и неверојатно сексапилно во овој период.

Благодарение на вашата нова верзија, ќе имате желба за искусување нови авантури, учење и испробување нови работи, патување и откривање нови животни филозофии. Сето ова патување, ќе придонесе да се чувствувате поврзани со вашето вистинско „јас“.

Како што ќе привршува летото, ќе сакате да напредувате во вашата кариера и ќе ги поттурнувате вашите граници сè подалеку.

Јарец

На почетокот од летото, може да искусите многу возбуда или драма во вашиот љубовен живот. Можеби ќе започнете нова љубовна врска, ќе поминувате низ раскинување или ќе се почувствувате пострасно од вообичаено. Овој ваш возбудлив љубовен период, може да се одрази и на вашите најблиски пријатели.

При средината од летото, ќе се чувствувате ревитализирано и исполнето со свежа енергија. Ќе живеете според мотото: „Работите од минатото ги оставам зад себе и започнувам од почеток“. Ова може да ви е предизвикувачки период, меѓутоа доколку сиот труд ве води поблиску до вашето вистинско „јас“, тогаш дефинитивно ќе ви се исплати трудот.

На крајот на летото, можеби ќе сакате да испланирате некое големо патување или започнување нова авантура, бидејќи ќе бидете гладни за нови искуства. Излезете од вашата удобна зона и направете нешто откачено и диво.

Вашиот хороскоп за лето 2018 вели дека е време да ги почувствувате позитивните вибрации

Водолија

На почетокот од летото, ќе бидете мотивирани да го доведете вашето тело во топ форма, да работите напорно, да бидете продуктивни и да ги одредите вашите приоритети. Додека сите околу вас ќе уживаат во животот и ќе трошат пари, вие ќе сакате да се посветите на завршување на обврските. Можеби ќе ви изгледа дека ја пропуштате целата забава, но не заборавајте, ова е сепак само почеток од летото.

Како што ќе одминуваат седмиците, можеби ќе започнете некоја летна романса или ќе станете многу блиски со некој пријател. Во вашиот интимен живот, ќе се создадат некои проблеми, но ако решите да ја одберете љубовта, наместо конфликтите, сè ќе се реши по лесен пат.

На крајот од летото, ќе поминете низ некоја фаза на трансформација. Може да се чувствувате како повеќе да не знаете кои сте и што сте, но не грижете се, бидејќи со тек на време, ќе го дознаете одговорот на тие прашања.

Риби

На самиот старт од летото, ќе се чувствувате како секојдневно да се тркалате насекаде, носејќи голема, будалеста насмевка на вашето лице. Ќе сакате да ја искористите секоја прилика за да се забавувате и да си поминувате убаво. Меѓутоа, во текот на овој период, веројатно ќе се забавувате повеќе одошто можете да издржите и ќе започнете да ги запоставувате вашите обврски. Затоа, не заборавајте да останете будни и фокусирани на она што ви е важно.

Со тек на време, ќе сакате повторно да го вратите вашиот живот во нормален ред. Тоа ќе значи напорно работење, организирање на вашиот личен живот и посветување на вашето здравје. Можеби, ќе почувствувате притисок дека морате да се ослободите од некои штетни влијанија во вашиот живот и да се збогувате со некои лоши навики.

На крајот на летото, можеби ќе се почувствувате принудени да започнете љубовна врска со некоја личност или да изградите силна конекција, со некој пријател или љубовник. Ова може да биде одличен период да влезете во сериозна врска или да ја зајакнете онаа во којашто веќе сте.

Можеби ќе сакате да прочитате и на кои 3 хороскопски знаци ќе им се исполнат желбите до крајот на летото?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар