Тест + хороскоп: Кој е вашиот тип на маж?

Тест + хороскоп: Кој е вашиот тип на маж?

Има многу риби во океанот, но ѕвездите можат да ви помогнат да ја уловите вистинската. Решете го тестот и дознајте кои хороскопски знаци се добар избор на маж за вас.

1-test-horoskop-koj-e-vashiot-tip-na-mazh-kafepauza.mk

1. Ништо не е посекси од маж:

А) Кој е атлета во креветот и надвор од него.
Б) Кој има дебела сметка во банка и носи добро скроени одела.
В) Кој знае страсно да зборува за глобалната политика.
Г) Кој ви пее серенада која самиот ја напишал за вас.

2. Совршена предигра е:

A) Чаша фино вино, свеќи, пенлива купка која ја подготвил за вас. Ах да, и масажа за стапала.
Б) Слушање класична музика додека со часови се бакнувате и нежно се мазите.
В) Жестока, но стимулативна кавга која ги буди вашите интелектуални апетити.
Г) Мала борба во креветот е сосема доволно да се распали страста.

3. Вашиот идеален прв состанок е:

А) Планинарење или параглајдерство. Сакате да ја испитате неговата храброст и неговите граници.
Б) Романтична прошетка низ парк или излет во природа за да можете долго да разговарате и да се запознаете еден со друг.
В) Театар или изложба на слики после што би отишле на некој коктел.
Г) Вечера во ресторан надвор од градот каде послужуваат само јадења подготвени со локални еколошки намирнци.

4. На забава избива тепачка помеѓу двајца фраери. Како очекувате да постапи вашето момче?

А) Се фрла во средина и се обидува да ја растури тепачката.
Б) Наоѓа кутија со прва помош за да се најде фластер ако му треба на некој после тепачката.
В) Застанува пред вас за да ве заштити.
Г) Дипломатски се обидува да ги убеди инволвираните да престанат.

5. Денот на заљубените од вашите соништа мора да вклучува:

А) Шампањ и накит.
Б) Мало кутре кое го посакувате веќе со години.
В) Врела страсна ноќ во која ќе си ги остварите сите сексуални фантазии.
Г) Појадок в кревет, фотоалбум со сите заеднички фотографии и плејлиста по ваш вкус.

3-test-horoskop-koj-e-vashiot-tip-na-mazh-kafepauza.mk

Поени:

  1. А–4, Б–1, В–3, Г–2
  2. А–1, Б–2, В–3, Г–4
  3. А–4, Б–2, В–3, Г–1
  4. А–4, Б–1, В–2, Г–3
  5. А–1, Б–2, В–4, Г–3

3-test-horoskop-koj-e-vashiot-tip-na-mazh-kafepauza.mk

Резултати:

5 – 7 поени: Земјени знаци (Бик, Девица, Јарец)

Позитивно: Постојан и вистински страстен
Негативно: Пребирлив и избирлив

Машките кои спаѓаат во земјените знаци имаат мешавина од груб и софистициран вкус, но и сирова страст од која ќе се растопите. Овие момци лесно се искачуваат по скалилата на кариерата и сакаат пријатен живот, но сепак со двете нозе стојат цврсто на земјата. Често разговарајте со него и не дозволувајте неговите потреби да ги засенат вашите. И само да знаете, тие се експерти за испробување сексуални пози, па немојте да бидете срамежливи во кревет.

8 – 11 поени: Водени знаци (Рак, Скорпија, Риби)

Позитивно: Заводлив и внимателен
Негативно: Тешко е да го прочитате и срамежлив е

Ако барате чувствителност и романтика, тие ќе ви ја дадат. Овие момци како да имаат шесто сетило и секогаш знаат што сакаат жените, па се трудат тоа и да им го овозможат. Секогаш се сочувствителни, но често не знаат добро да ги изразат своите чувства, па на почетокот на врската мора да им помогнете во тоа. Тие сакаат семејно опкружување затоа планирајте излегување во кафулиња, пицерии или едноставно мирно уживање со вечера во домашна атмосфера.

12 – 15 поени: Воздушни знаци (Близнаци, Вага, Водолија)

Позитивно: Духовит
Негативно: Збунет и темпераментен

О, вие уживате во разговори. Овие момци се фантастични во разговори кои ќе ве држат будни цела ноќ. Среќа, одлични се и во валкани разговори. Уживаат во културни збиднувања, пијачки после работа и скара со пријателите кога можат да си разменуваат ставови и мислења. Посебно се слаби на жени кои ги поддржуваат. Нивниот главен адут е комуникацијата, затоа секогаш имајте мобилен покрај себе и уживајте во честата размена на СМС-и и имејл-пораки.

16 – 20 бода: Огнени знаци (Овен, Лав, Стрелец)

Позитивно: Привлечен и забавен
Негативно: Непредвидлив и немирен

Ве возбудува неговиот магнетски дух, но внимавајте, овие момци сакаат да втрчуваат во врски. Затоа врзете сигурносен појас и тргнете во духовно возење. Планирајте активни состаноци кои ќе ја потрошат неговата скоро неисцрпна енергија. Совет: овие момци ја сакаат возбудата на ловот, па затоа не воздржувајте се да им покажете дека не сте лесен плен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар