Стрелец и близнаци – пријателска комбинација

Стрелец и близнаци – пријателска комбинација

Стрелецот и близнакот се спротивни знаци во зодијакот, но во овој случај, со нивните карактерни разлики, тие всушност се надополнуваат еден со друг, што ги прави одлични пријатели. Близнаците се типови луѓе кои знаат по малку од сè, а стрелецот е најчесто експерт во една-две области. Љубопитниот близнак го интересира што стрелецот има да му каже за областа која ја познава, а на него му се добредојдени интересните факти кои близнакот ги чул или прочитал некаде и сака да ги сподели со него.

Стрелец и близнаци – пријателска комбинацијаСтрелецот може да го научи близнакот многу работи, а тој е желен да учи. Сепак, близнакот не поседува способност за истражување на работите во длабочина, каква што има стрелецот, но сепак желбата за учење нови работи е нивна заедничка особина.

И двата знака се екстремно дружељубиви и сакаат постојано да се запознаваат со нови луѓе, поради што нема да им претставува никаков проблем да се помешаат во старото друштво на нивниот пријател и да запознаат заедно нови.

И покрај нивната компатибилност, помеѓу овие пријатели може да се појави тензија. На стрелецот му оди на нерви кога близнакот не престанува да дрдори на мобилниот телефон, додека тој се обидува да се релаксира. На сличен начин, близнакот го нервираат острите забелешки на стрелецот, упатени кон него. Исто така, стрелецот не ја оправдува тенденцијата на близнакот да ја видозименува вистината. Стрелецот пак, понекогаш го иритира близнакот со своето супериорно однесување.

Во секој случај, овие другари уживаат кога се заедно, особено кога ги прават нивните омилени активности. Дел од нив може да бидат играње пинг-понг, креативно пишување и разни патувања низ светот. Исто така, тие може да пронајдат огромна забава во јавањето коњи, а може да уживаат и во џогинг. Овие два знака имаат талент за учење странски јазици, па може да бидат одлични соученици на некој јазичен курс.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар