Што издава вашето лице според хороскопскиот знак?

Што издава вашето лице според хороскопскиот знак?

Некои карактеристики можеме да ги прочитаме од лицето на луѓето според нивниот хороскопски знак. Така на пример, Бикот има поглед кој може да ве избезуми, а Ракот освојува таинствено. Еве што откриваат лицата на хороскопските знаци.

shto-izdava-vasheto-lice-spored-horoskopskiot-znak-kafepauza.mk

Овен

Веселиот израз на лицето на Овенот не мора да значи ништо, како ни тоа што е младолик дури и во зрели години. Ако е женско, понекогаш ваквиот израз го има благодарение на својот сексапил, а ако е машко, тогаш од неговиот продорен поглед може да ве полазат морници, бидејќи тој делува многу опасно, а од друга страна не можете да бидете сигурни што му се врти во главата. И кога изгледа машкудански, жената-Овен има доминантен полемички став кој едноставно се чита од нејзиното лице.

Бик

Бикот е опуштен, лежерен и духовит, но и мажествен, а неговиот продорен поглед може сосема да ве избезуми. Изразот на неговото лице ви кажува дека сте покрај некој кој ќе ве чува заштитени и затоа не треба да ве залажува опуштениот изглед, кој произлегува од неговиот заводлив поглед. Кога Бикот ќе прозбори, повеќе од неговите очи, зборува бојата на неговиот глас, која е толку пријатна и смирувачка, што покрај него ќе се чувствувате сигурни како мало дете.

Близнаци

И кога делуваат младешки, Близнаците се и тоа како пресметани и рационални. И кога се обидуваат да изгледаат како злобната Круела од „101 далматинец“, сепак зад таквиот изглед се крие чувствителна личност која никогаш нема да порасне. Зборуваат многу, но најмалку за себе. Доколку изгледаат како „фем фатал“, тогаш тоа е смислена маска со која се обидуваат да ја заштитат вистинската природа на својата личност – недорасната за емотивни предизвици.

Рак

Неговиот детски изглед, дури и кога има „бејби фејс“ или кога веќе косата ќе му се изретчи, не смее да ве залаже. Нежниот и срамежлив Рак освојува со таинствен и заштитнички став, кој ќе ве разоружи уште на прв поглед. Бидејќи тој плени, без разлика дали е мачо-мен или мамин син. Жената-Рак пак е толку нежна, љубезна, убава и полна со разбирање. Таа ве предизвикува на токму на она што го сака – вашата желба да ја заштитите, а после ќе ве олабави.

Лав

Изразот на нејзиното лице издава родена глумица, бидејќи таа е атрактивна, весела и тешко дека ќе остане незабележана, но и доколку не ја забележите, таа и понатаму ќе продолжи да глуми. Секогаш е дотерана и фенси, а од дома не излегува ненашминкана или без фризура. Па и зошто да не кога има толку густа коса?! Нејзиниот поглед ве разоружува на прв поглед, а господинот Лав пак има навистина нешто господствено во неговиот израз – како да зборува колку е доминантен, горделив и достоинствен.

Девица

На нејзиното отмено триаголно лице доминира таинственост, со испитувачки поглед. Како во бајка, за миг може да се претвори од грдото пајче во грациозен лебед и кога има убава фризура, мисли дека си го разубавила животот. Мажот-Девица пак, не го интересира какво мислење имаат другите за неговиот изглед, но изразот на неговото лице покажува пристоен и расположен дечко, иако продорниот поглед и мажествениот израз, воглавно ја откриваат неговата интелектуална и динамична природа.

Вага

Изразот на нејзиното лице го открива она што Вагата сака да им го покаже на другите, односно нејзиниот имиџ во јавноста, било да е студена блондинка како од старите холивудски филмови или заводлива бринета. Многу ѝ е важен изгледот, поради кој често се наоѓа во центарот на вниманието, за што придонесува и нејзината младоликост и често нагласените мажествени црти кај мажите во овој знак.

Скорпија

На нејзиното лице доминираат очите и продорниот поглед кој не ги открива чувствата, па жената-Скорпија често изгледа многу заводливо, дури и без шминка. Мажествениот изглед на мажите-Скорпии, не е само имиџ туку тие се навистина такви, особено кога се црнокоси или со темен тен, а светлокосите Скорпии пак изгледаат поотмено, бидејќи нивниот израз зрачи со силна харизма.

Стрелец

Иако претежно е насмеан, мажествениот израз на неговото лице има симпатична природа, која го прави популарен во друштвото. Постои нешто отмено во цртите на неговото лице, без разлика што рано почнува да ја губи косата. Иако не делува многу нежно, жената-Стрелец има израз на лице зад кој се кријат нејзините мечти за патување или каков било друг убав начин за бегство од реалноста.

Јарец

Нејзиниот поглед не открива многу, повеќе е испитувачки, но знае да биде и малку непослушен. Годините повеќе ѝ носат отколку што ѝ земаат, па долго го задржува младоликиот изглед, посебно поради убавата коса и источниот израз на лицето. Иако мажот-Јарец делува ладно, поради продорниот поглед со годините изгледа помлад, но рано почнува да ја губи косата.

Водолија

Изразот на нејзиното лице остава впечаток на таинствена личност со која не е пожелно да се подигрувате. Колку и да е дружељубива, сепак сака сите да ја забележат. Нешто интригантно и проникливо во нејзиниот поглед ја прави уште поинтересна, некако автентична и кога не е убава според класичните мерила за убавина. Изгледа по малку расеано, но ништо не пропушта да забележи. Гледа сѐ, а молчи.

Риби

Нивниот поглед, баш како и изразот на лицето доста сокрива, но и многу кажува, без разлика на тоа дали косата им еразбушавена или залижана, бидејќи на мажите-Риби само привидно не им е грижа за својот изглед. Кога ги гледате нивните убави изразени очи и занесот во таинствениот поглед, посебно на женските припадници на овој знак, јасно ви е колку се женствени, сензуални и грациозни и во изгледот и во однесувањето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар