Секситилот на Венера и Јупитер носи љубов, страст и изобилство: Искористете ја магијата на среќните планети од 10 април

Секситилот на Венера и Јупитер носи љубов, страст и изобилство: Искористете ја магијата на среќните планети од 10 април

Астролошките предвидувања откриваат дека на 10 април нè чека еден од најпозитивните аспекти – секситилот на Венера (планетата на љубовта) и Јупитер (планетата на радоста).

Секситилот на Венера и Јупитер носи љубов, страст и изобилство: Искористете ја магијата на среќните планети од 10 април

Енергијата на оваа планетарна врска ќе се чувствува неколку дена, а секситилот на Јупитер и Венера ни носи период на забава, страсна искри и магична љубов. Ќе почувствувате внатрешна среќа и добро расположение што лесно ќе ги споделите со другите.

Покрај тоа што е фантастичен за напредок во љубовта, во романтичната поврзаност и во обновувањето на интимноста, овој транзит може да ви донесе и поволна ситуација во областа на финансиите. Можен е ненадеен прилив на пари или решение за стар долг.

Сега е време да ги покажете харизмата и шармот. Се чувствувате одлично, што особено се одразува на вашата самодоверба.

Ќе добивате и ќе давате многубројни комплименти, а вашата привлечна енергија ќе влијае позитивно на вашиот љубовен живот. Се чувствувате привлечно и подготвени сте да надминете некои стари блокади.

Оние што се во врска ќе ја разбудат фантазијата, својата и на партнерот. Ако сте слободни, ова е одличен период за нови познанства и љубов која може да се претвори во нешто величествено.

Ќе имате потреба од промени и авантури, па можно да патувате и да учите за други култури, но и да ги надминете личните граници излегувајќи од удобната зона.

Сите ваши интеракции на полето на кариерата ќе ви донесат добри резултати и задоволство, а единственото нешто на кое треба да обрнете внимание во овој период е да не претерувате во хедонизмот и уживањето, особено кога станува збор за јадење и пиење.

Искористете го овој период на уживање и живејте максимално во убавината на сегашниот момент.

Прочитајте кои 3 хороскопски знаци ќе имаат среќа и ќе бидат многу успешни во април.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар