Пронајдете го вашиот хороскопски знак и дознајте дали сте во чекор со времето

Пронајдете го вашиот хороскопски знак и дознајте дали сте во чекор со времето

Некои хороскопски знаци ги следат најновите трендови, постојано се во чекор со времето и секогаш се трудат да бидат во центарот на случувањата. Дали и вие припаѓате во оваа група или пак, сте од оние кои времето ги гази?

Дознајте дали сте во чекор со времето според вашиот хороскопски знак

Овен

Вие сте едни од оние љубопитни личности кои лесно се адаптираат, па така не е ни чудно што со задоволство ги прифаќате сите промени и ви се допаѓа сè што ќе ви овозможи да истражите некоја нова област од животот. Телевизорот, мобилниот телефон, таблетот, лаптопот и ајфонот се само дел од уредите кои вие просто ги обожавате. Но, доколку нешто ви се расипе или блокира немате многу трпение да одите по мајстори, а уште помалку сами да се обидете да го поправите. Мразите чекање и попрво би купиле нешто ново, уште посовремено и подобро.

Бик

За разлика од Овенот, вие воопшто не сакате промени. Напротив, би можеле целиот живот да го поминете пред истиот телевизор и со години да го користите истиот мобилен телефон, особено ако се работи за некој интересен модел кој совршено ви одговара и за кој сте се приврзале. Доколку некој од уредите ви се расипе веднаш ќе повикате мајстор за да го врати во живот, а ако не успее нема шанси да го фрлите! Ќе го задржите како украс во домот. Со оглед на тоа дека голем дел од времето го поминувате дома, телевизорот е вашиот главен забавувач.

Близнаци

Големи се шансите дека спиете со вашиот мобилен под или до перницата, од страв да не пропуштите нешто. На вашата работна маса има компјутер и телефон, а во вашите џебови и чанта барем два мобилни телефона кои постојано се огласуваат со одѕвонување за да ве потсетат дека имате состанок или некоја друга обврска. Тука се и пораките кои не престануваат да пристигнуваат! Кога сте излезени со вашите пријатели, тие посакуваат и самите да се претворат во некоја техничка направа за да им посветите повеќе внимание.

Рак

Претставниците на овој хороскопски знак многу ретко се робови на современите средства за комуникација кои секогаш ги користат во границите на нормалата, што во вашиот случај значи: Што е можно помалку. Телевизорот ви служи само за да бидете во тек со случувањата во земјата и светот и евентуално да погледнете некоја романтична комедија. Слободното време претпочитате да го поминете во природа со семејството и пријателите во чие друштво уживате. Кога сте вљубени, сакате романтични разговори кои траат до доцна во ноќта, придружени со тивка и нежна музика во позадина.

Лав

Сакате нови работи и успешно ракувате со сите технички изуми. Амбициозноста е вашата главна карактеристика, па така поради вашиот имиџ и ефикасност во работата сакате во сè да бидете најдобри. Не можете ни да се замислите како некој што не е во тек со најновите технолошки достигнувања! Додека сте во друштво, секогаш ви пристигнува по најмалку еден важен мејл на кој мора веднаш да одговорите, што секако не би можеле да го направите доколку го немате најновиот ајфон. Освен соковникот, куќните апарати не ве интересираат бидејќи и онака повеќе време поминувате надвор отколку дома.

Девица

Под влијание на Меркур, планета која е тесно поврзана со комуникацијата, сметате дека вашиот придонес на работното место не би бил доволно значаен доколку не користите што посовремени и понапредни модели на најразлични уреди и апарати. На работа сте точни и прецизни и важен ви е квалитетот и веродостојноста на информациите со кои располагате. Токму поради тоа, сите нови работи кај вас се добредојдени. Меѓутоа, по завршувањето на работното време, кога ќе стигнете дома сакате само да одморите и да не робувате на средствата за комуникација.

Вага

Со задоволство прифаќате нови работи и според вас современите средства за комуникација можат само да ви го олеснат и разубават животот. Вие сте уметничка душа и сакате да ги овековечите сите убави глетки, места, пејзажи и разни настани на кои сте уживале со помош на најновите модели на фотоапарат или камера. За дамите важи дека бојата на мобилниот телефон мора да биде некоја нежна, пастелна како светло розова. Господата, пак, не пропуштаат прилика да ги искористат сите можности што ги нудат современите средства за комуникација.

Дознајте дали сте во чекор со времето според вашиот хороскопски знак

Скорпија

Благодарение на вашата ексцентричност, вие сте воодушевени од некои необични направи кои служат за шпионирање и имаат мали микрофончиња кои би можеле да послужат за прислушување. Ве интересираат најновите модели на камери за снимање под вода кои би ви овозможиле да ги откриете тајните на морскиот свет. Никаде не одите без вашиот мобилен телефон, но кога сте дома не сакате да одговарате на телефонските повици.

Стрелец

Факт е дека не можете без вашиот мобилен телефон, но не сте многу среќни кога ќе ве пронајдат благодарение на истиот. Оној кој ве бара попрво ќе ве најде на некој спортски терен, патување или на кое било друго место освен дома. Вашата динамичност и енергичност не ви дозволува долго време да седите на едно место, па затоа современите средства за комуникација се како измислени за вас, а тука се и вашите верни придружници: фотоапаратот и камерата. Доколку треба да се јавите некому или да пренесете некоја важна порака, праќате СМС или мејл бидејќи сакате да оставите пишан траг.

Јарец

Вашиот знак е под влијание на Сатурн и поради тоа не прифаќа промени брзо, но влијанието на Уран му овозможува добро да се снаоѓа со сите „чуда“ на современата технологија. Најмногу користите електронска пошта поради тоа што допишувањето е брзо и ефикасно. Слободното време го поминувате дома пред телевизор. Иако сте по малку старомодни и уживате во „крцкавиот“ звук што го дава вашиот стар грамофон, често „симнувате“ музика и филмови од Интернет.

Водолија

Вие сте многу комуникативна личност и сакате да се дружите, да стекнувате нови пријателства и да среќавате нови и необични луѓе. Сето тоа ви го овозможува современата технологија, без која животот не би ви бил толку интересен. Најголемиот дел од слободното време го поминувате во природа со вашите пријатели слушајќи музика. Сите интересни моменти сакате да ги „фатите“ на камерата од која не се одвојувате, особено кога патувате.

Риби

Современите средства за комуникација и разните електронски уреди воопшто не ви се непознати, но ги прифаќате бавно, во умерени количини и тоа првенствено оние што ви се допаѓаат. Сакате кога слушате гласна музика од некој моќен носач на звук и кога гледате слики од одмор на вашиот лаптоп. Покрај телефонот, користите и Скајп за мистериозни ноќни разговори кои можат да траат бесконечно долго.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар