Овие 4 хороскопски знаци се најтешки за разбирање

Овие 4 хороскопски знаци се најтешки за разбирање

Може да има повеќе причини зошто некои луѓе се потешки за разбирање од останатите, но доколку се земе предвид астрологијата, тоа е поврзано со енергијата на секој од знаците. Со други зборови, важно е дали знакот е огнен, воздушен, земјен или воден, вели астрологот Џенифер Лакшми Дав.

Овие 4 знаци се најтешки за разбирање

Соодветно на нивната енергија, постојат три начини на кои може да се опише односот на секој знак со оние околу него. Овенот, Вагата, Ракот и Јарецот се таканаречени кардинални знаци. Бикот, Лавот, Скорпијата и Водолијата се сталожени, а Близнаците, Девицата, Стрелецот и Рибите се променливи знаци. Според Дав, најтешко е да се разберат знаците кои се во „сталожената“ група.

Овие знаци се весели и љубезни, но понекогаш збунуваат со своето однесување. Тие сакаат да бидат со луѓе, но потребен им е и личен простор. Освен тоа, тие делуваат само кога се подготвени, а знаат да се побунат доколку се под притисок.

Бик

Луѓето родени во овој знак понекогаш се тврдоглави. Тие може да ви кажуваат нешто што не го мислат и ќе ви биде потребно време да го откриете тоа бидејќи сѐ е споро кај Биковите. Со Биковите владее Венера, но тие понекогаш не им ја даваат целата љубов на партнерите. Имаат нежно срце, но тоа го кријат за да изгледаат храбри.

За луѓето кои живеат со Бик се препорачува поставување едноставни прашања кои ќе го поттикнат да се отвори.

Лав

Луѓето родени во знакот Лав веројатно се најтешки за читање. Со нив владее Сонцето, а имаат репутација дека се екстровертни и секогаш подготвени за забава. Добро се снаоѓаат на сцена и сакаат да бидат во центарот на вниманието. Меѓутоа, кога ќе се изгаснат светлата, тие се малку срамежливи и се повлекуваат во себе. Тие блескаат во јавноста, но потоа им е потребно време да се вратат во нормала.

Лавовите често знаат да издвојат цел ден кој ќе си го посветат себеси и во кој не сакаат никој да ги вознемирува. Ова однесување може да биде збунувачко.

Скорпија

Индивидуалците родени во овој знак се полни со мистерија. Имаат репутација на луѓе со емоции и тоа е вистина. Но, точно е и дека не можете да им наметнете нешто на Скорпиите. Тие нема да прифатат нешто доколку не го сакаат, без разлика на притисокот.

Скорпијата има силни емоции, но ги чува за себе. Луѓето родени во овој знак имаат емоционална интелигенција и сакаат да се поврзуваат со останатите, но истовремено се и неодлучни кога треба да се отворат. Тешко е да се прочита некој што истовремено има силни емоции и е затворен и оддалечен. За овој знак, верноста е многу важна. За да се отворат, Скорпиите треба да се чувствуваат сигурни и да му веруваат на соговорникот.

Водолија

Уран владее со луѓето родени во овој знак. Тоа ги прави разиграни и забавни. Од друга страна, тие сакаат да ги анализираат сите работи и секогаш сакаат да се усовршуваат. Често се двоумат пред да дозволат некому да влезе во нивниот љубовен живот. Тие се ексцентрични и интровертни, што ги прави тешки за читање. Освен тоа, тие постојано бараат промени бидејќи не сакаат монотонија.

Ова се луѓе на кои им е потребен простор. Сакаат да покажуваат љубов и приврзаност, но тоа мора да биде во баланс со нивната потреба за самотија.

Врските со секој од знаците се различни, а ова се хороскопските знаци со кои раскинувањето е најболно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар