Овие 3 хороскопски знаци ќе ја имаат најромантичната зима

Постои нешто магично во овој период од годината, а овие 3 хороспоски ги очекуваат промени во форма на романса.

Овие 3 хороскопски знаци ќе ја имаат најромантичната зима

Овен: Ќе се чувствувате и ќе изгледате најдобро

Транзитот на Венера во Водолија ќе ја карамелизира вашата 11-та куќа на пријателствата, а тоа значи дека ќе имате сјаен социјален живот. Ова можеби и не звучи многу романтично, но сепак, ќе поседувате привлечна енергија, па можеби ќе запознаете некоја интересна личност преку некој ваш пријател или колега.

На 7 февруари, планетата на неодоливите задоволства влегува во вашиот знак и ве очекува речиси цел еден месец исполнет со динамични размени и со огнени страсти. Ова, се разбира, ќе ѝ додаде уште повеќе шарм и убавина на вашата софистицирана личност. Не заборавајте дека кога Венера ќе влезе во вашиот знак, не можете да се извлечете без ништо.

Бик: Ќе се препуштите на задоволствата

Марс, планетата што владее со желбите, на 3 јануари влегува во авантуристичкиот Стрелец преку вашата осма куќа на сексот, на трансформацијата и на интимни врски и во центарот на вниманието ќе ги стави вашите страсти и вашата енергија. Во овој период можеби ќе се одлучите за долго романтично патување со партнерот или ќе запознаете некого додека патувате во странство. Сè е можно во текот на оваа зима. Благодарение на Уран, овој период ќе ви биде исполнет со задоволства, со комфор и со многу неочекувани настани.

Риби: Ќе се остварат сите ваши фантазии

Зимската сезона започнува со сензуалната Венера што шепоти слатки зборови преку вашата 12-та куќа на тајните во Водолија, пред официјално да влезе во вашиот знак на 13 јануари. Во овој период ќе добиете интересна порака од партнерот или ќе учествувате во некој важен разговор од којшто ќе извлечете некој важен заклучок.

Прочитајте од што треба да се ослободите до крајот на оваа година според вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар