Негувајте го најдоброто во вашите деца: Девицата сака сложувалки, Лавот да танцува…

Децата многу се разликуваат според карактерот, па така ги радуваат или смируваат различни работи. Прочитајте како хороскопски знак може да ви помогне да го развиете најдоброто во нив.

1-razvijte-go-ona-najdobroto-vo-niv-devicata-saka-slozhuvalki-lavot-da-tancuva-www.kafepauza.mk_

Овен

Овните бараат големо внимание, особено од возрасните. Често имаат бистар и активен ум, па многу рано може да започнат со загатките. Момчињата често се агресивни, па погрижете се да имаат меки играчки. Имаат потреба за движење, сакаат автомобили, трки, мода, пресоблекување… Независни се и темпераментни, сакаат да имаат време само за себе.

Бик

Биковите сакаат убаво да се облекуваат. Запишете ги на тимска спортска активност на отворено или одведете ги во парк. Музикални се, па опкружете ги со играчки-инструменти и поттикнете ги да пеат. Уживаат во слушање музика. Го сакаат семејството и пасивни се, а најмногу сакаат да си играат со својот брат или сестра.

Близнаци

Близнаците имаат генијалност во себе и рано може да покажат музички дар, да прозборат и да читаат. Често ќе разговараат сами со себе, со измислен пријател или ќе измислат сопствен јазик. Може да имаат напредни технички способности, но внимавајте, бидејќи може да станат зависни од игри. Сакаат да прават магии или да си играат детективи. Учењето на странски јазик им е забава, родени се за драмски групи.

2-razvijte-go-ona-najdobroto-vo-niv-devicata-saka-slozhuvalki-lavot-da-tancuva-www.kafepauza.mk_

Рак

Раковите може да бидат чудни и многу да плачат. Обидете се да им дадете играчка која може да ја прегрнат кога им е потребна утеха. Уживаат во облекувањето, сакаат кукли и кадифени играчки за кои може да се грижат, како и домашни миленици. Храната им е посебно уживање. Сакаат да помагаат во кујната, а ќе уживаат и во цртањето, сликањето и колажот. Оставете ги да ја уредат својата соба, бидејќи тоа им дава чувство на сигурност

Лав

Лавовите се секогаш насмеани, социјални и драматични. Сакаат да си играат, од друштвени игри и кукли, до трчање со милениците. Запишете ги на драмски работилници, танц или гимнастика за да се изразат. Тие се одлични извидници, бидејќи таму ќе ја искористат својата природна способност за водство. Сакаат да се пресоблекуваат и имаат измислени пријатели. Бидете подготвени за постојано ракоплескање.

Девица

Девиците се робови на навиките, па најдобро ќе функционираат со распоред. Сакаат едноставност и околина без пречки. Често учат да читаат и да пишуваат многу рано. Опкружете ги со книги и сложувалки. Сакаат да помагаат и да работат со рацете. Ако некој од миењето садови може да направи уметност, тоа се тие. Брбливи се и потребни им се многу пријатели.

3-razvijte-go-ona-najdobroto-vo-niv-devicata-saka-slozhuvalki-lavot-da-tancuva-www.kafepauza.mk_

Вага

На вагите им е потребно големо внимание од возрасните и може да им пречат на браќата и сестрите заради постојаната потреба за внимание. Ќе се втурнат во секој кадар. Оставете ги да ја разубават својата соба. Ќе потрошат многу часови на изработка на макети. Великодушни се, сакаат прослави, музички играчки, сцена и пресоблекување. Сакаат спортови еден на еден како што е тенисот, но и училишни претстави.

Скорпија

Како мали петарди, Скорпиите се полни со таленти и ставови. Во еден момент можат да бидат депресивни и напнати, а веќе во следниот неодоливо да се смеат. Може да бидат интровертни. Играчките инструменти и сетовите за сложување ќе ги забавуваат со часови. Сакаат да се натпреваруваат, па оставете ги да учествуваат во активности во кои може да сјаат како индивидуи. Сакаат да се трансформираат и да имитираат. Не форсирајте ги да учествуваат во групни спортови.

Стрелец

Стрелците се подготвени за истражување на светот уште од првиот ден. Ако ги ставите во песок или им дадете спортска опрема, ќе бидат среќни со часови. Сакаат да учат и често рано прозборуваат. Обожаваат игри во кал, не сакаат правила, но сакаат игри во кои може да научат. Тие се љубители на животни. Имаат отворен ум.

4-razvijte-go-ona-najdobroto-vo-niv-devicata-saka-slozhuvalki-lavot-da-tancuva-www.kafepauza.mk_

Јарец

Јарците се стари души, одговорни и перфекционисти. Сакаат големи друштва. Пријателствата од детството ќе ги чуваат целиот живот. Уживаат надвор, а најверојатно ќе бидат популарни помеѓу врсниците. Тие се природни лидери, сакаат групни спортови, да одат на работа со родителите или да се преправаат дека водат свој бизнис. Во играчките вклучете каса и „Монопол“.

Водолија

Водолиите се родени со црти на генијалност и коцкарство кои се преклопуваат. Може да бидат ексцентрични и да се движат надвор од правилата. Може да ве изненадат со бизарни коментари и чудни навики. Најдобро е да уживате во нивните настапи. Мразат неправда и авторитет. Објаснете им сѐ како да разговарате со возрасна личност. Тие се бунтовници и треба да знаат дека има и последици.

Риби

Рибите се стари души, родени со голема мудрост. Често израснуваат во ликовни уметници, инженери и фотографи. Сакаат да им шефуваат на врсниците. Имаат богата фантазија. Ако постои голема напнатост, може да станат насилни. Изработката на колажи и цртање со часови ќе ги забавува. Уживаат во спортови како фудбал, пливање и уметничко лизгање. Сакаат сцена, танц, пеење и глума.

Хороскопскиот знак на вашето дете има влијание и врз неговиот карактер, па погледнете кои детски особини се врзуваат за секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар