Неделен хороскоп од 31 јули до 6 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 31 јули до 6 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Љубов: Ќе чувствувате силна потреба за сигурност. Затоа, многумина од вас ќе се согласат на компромиси. Сепак, ќе сфатите дека нема гаранција за ништо на светот, па ова сознание всушност ќе ве опушти. После тоа, на љубовта ќе пристапите на нов начин.

Кариера: Полека ќе го префрлите вашиот деловен интерес на финансиски теми бидејќи повеќето работи ќе зависат од нив. Ова ќе биде и одлична можност за стекнување нови приходи.

Неделен хороскоп од 31 јули до 6 август: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Љубов: Поголемиот дел од неделата ќе го поминете во интересно друштво кое навистина ќе ве освежи. Лесно ќе ги надминете грижите и пречките од другите области на заедничкиот живот преку хумор и шеги. Оние кои сè уште не се во врска ќе бидат отворени за нови луѓе.

Кариера: Вашиот деловен интерес полека се префрла на истражување. Она што сте го постигнале е таму, но сега на дневен ред се некои неиспитани или скриени работи. Некои ќе се обидат да стигнат до своите соништа преку многу необичен пат.

Стрелец

Љубов: Ова е добро време за да размислите за вашите желби и потреби. На некои, самотијата навистина ќе им одговара бидејќи интуитивно ќе почувствуваат дека времето не е најповолно за љубов.

Кариера: Добро ќе функционирате добро, но со многу вложување енергија. Многумина од вас ќе усовршат нови вештини и ќе ги откријат деталите за професијата на работа. Тоа ќе биде уште една фаза на учење и напредок.

Јарец

Љубов: Нејаснотијата во приватниот живот веројатно ќе продолжи. Оние кои немаат никакви обврски кон никого, всушност ќе се чувствуваат најдобро. Сепак, не е лесно да се биде сам. Затоа, бидете смирени докрај и не очекувајте ништо посебно.

Кариера: Ве очекуваат многу интересни предизвици на работа, а тоа особено важи за оние чијашто природа на работа е креативна. Ве очекуваат и можности за поврзување со млади соработници.

Водолија

Љубов: Ќе се опуштите, саканата личност со задоволство ќе разговара со вас, а тоа ќе ве зближи уште повеќе. Оние кои се уште се сами лесно ќе си најдат друштво, а сè би можело да започне со една кафе-средба.

Кариера: Можеби ви се чини дека сте под притисок од сите страни, но всушност тоа се предизвици на кои треба да одговорите за да постигнете подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба.

Риби

Љубов: Вашиот социјален и љубовен живот ќе стане сосема вообичаен, но ќе ви биде драго поради тоа. Веќе ви е доста од излегувањата, па оваа смиреност всушност ќе ве освежи. Истото ќе го почувствува и вашиот партнер и затоа нема да изостане ниту хармонијата.

Кариера: Вашиот труд ќе биде препознаен, а понекогаш ќе имате чувство дека премногу доаѓате до израз. Скромноста и еден вид срамежливост со која се одликувате ќе бидат пример за многумина во овие кризни времиња. Ќе работите посветено и без многу прашања.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ги очекува нов почеток во август.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар