Неделен хороскоп од 29 мај до 5 јуни: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 29 мај до 5 јуни: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Во претстојниот период најверојатно ќе се чувствувате како птица која сака да ги рашири крилјата, но е затворена во кафез. Тоа може да биде поради работни или семејни обврски или поради чувството дека немате ресурси да ги правите работите што сакате да ги правите. Ова е време да најдете рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот, а тоа може да значи прилагодување на вашите планови за да имате повеќе време за омилените активности.

Неделен хороскоп од 29 мај до 5 јуни: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Ништо не ви стои на патот. Можеби чувствувате дека повратот на вашите инвестиции е слаб и сакате да дејствувате побрзо. Но, ова, се разбира, доаѓа со одреден ризик, па затоа е подобро да бидете внимателни. Имате можност да го преземете водството, но тоа е надвор од вашата комфорна зона. Ова може да значи дека проектот е многу голем или дека обично не работите со луѓе. Но, голема е веројатноста дека успешно ќе се справите со сите предизвици.

Стрелец

Врската може да стане сериозна. Разговарајте со партнерот. Ќе размислувате за тоа дали да се преселите заедно или барем да официјализирате дека сте заедно. Ако, пак, барате љубов, сега можеби ќе најдете некој кој бара долга врска и е подготвен навистина да ве запознае. Од друга страна, искористете ги сите добри можности кои ви се нудат доколку сакате да одите на патување.

Јарец

На работите им пристапувате директно. Можеби ќе наидете на нов тип на инвестиција што сакате да ја анализирате и за која ви се потребни многу информации. Можеби се чувствувате како да сте вклучени во повеќе од она што можете да го издржите, но ако бидете оптимистички расположени, ќе ги добиете сите потребни информации, а тоа може да се претвори во потенцијален приход.

Водолија

Чувствувате дека е време да направите сериозни планови со партнерот. Може да се запознаете со семејството или да разговарате за заедничко вселување во нов дом. Вашиот партнер можеби размислува да се вработи во друг град. Треба да размислите дали сте подготвени да направите радикални промени. Ова ќе биде добар момент и за да разговарате за споделување на вашите обврски и отворено да разговарате за вашата иднина.

Риби

Променете ја насоката. Некој во семејството има потреба од вашата помош. Можеби личноста ќе има потреба од совет, рамо за плачење или пари. Оваа личност не бара од вас често услуги. Можете да ја зајакнете врската со неа така што ќе ѝ пружите помош и утеха.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар