Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули?

Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули?

Конечно заврши транзитот на Марс во Рак, каде што не можеше најдобро да ја изрази својата активна, храбра, јасна, директна, брза и креативна енергија. Емоциите на Ракот предизвикуваа премногу главоболки и неурамнотежени чувства кај овој силен машки воин.

Како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули?

Од 20 мај, пак, Марс го започна својот транзит низ знакот Лав кој ќе трае сè до 10 јули.

Знакот Лав е вистински машки знак, силен и огнен. Лавот е доволно добар сам по себе, нема потреба постојано да ја оценува сопствената вредност, затоа е самоуверен и горделив. Се разбира, тоа може да се претвори во прекумерен егоизам и самозадоволство, но во позитивна смисла преку свесноста за тоа кои сме и дека сме совршени онакви какви што сме.

Марс во Лав ќе ни донесе многу позитивна енергија, ќе откриеме што сакаме и како да го постигнеме тоа. Нема да се задоволиме со ништо помалку од тоа. Ќе бидеме амбициозни, самоуверени, доминантни, решителни, огнени, страсни. Доколку ни недостасува некоја од овие квалитети, како и свесноста за сопствената вредност, ова е вистинско време да се поврземе со овие карактеристики и да ги пронајдеме во себе.

Лавот е многу креативен знак и не сака да остане затскриен. Напротив, сака да биде во центарот на вниманието, за да може секој да види колку е голем и силен и што создал. Да не се срамиме од нашите постапки, проекти, зборови, достигнувања. Сега имаме можност да го покажеме сиот наш потенцијал и да бидеме во центарот на вниманието.

Лавот е знак кој сака деца, забава, игри на среќа, хоби, па ќе имаме можност и да го разбудиме детето во нас.

Транзитот на Марс низ Лав ќе биде најсреќен за Стрелците, Овенот, Вагата и Близнаците, а секако и за Лавовите. Оваа воинствена планета ќе им донесе најмногу неволји, кавги, борби за доминација и притисок на Бикот, Скорпијата и Водолијата.

Откако прочитавте за влијанието на транзитот на Марс во Лав во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат 4-те најсреќни хороскопски знаци во јуни.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар