Неделен хороскоп од 24 до 30 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци? - Part 2

Неделен хороскоп од 24 до 30 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Вага

Уште само неколку недели трпение и негативното влијание на Јупитер ќе заврши: речиси ја постигнавте целта, се чувствувате прилично уморни и исцрпени (за што е виновен и Марс во неповолна положба), но ќе успеете! Од друга страна, Венера ви ветува многу љубов и интимни моменти со посебна личност која ќе знае да ве поддржи. Најсреќните денови ќе ви бидат четврток, петок и сабота.

Неделен хороскоп од 24 до 30 април: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Скорпија

Планетата Меркур во опозиција носи уште некои пречки, особено на работното место, каде што може да се појават жестоки дискусии. Меѓутоа, сега кога Сатурн се врати во поволна положба, ќе ви даде енергија за да ја смените вашата перспектива и секоја тешкотија на која ќе наидете на патот ќе ја сметате како неопходна за вашиот личен и духовен раст. Најповолни денови ќе ви бидат вторник, среда и недела.

Стрелец

Вашата недела започнува со месечината во опозиција, што би можело да ви донесе период на анализи и размислувања. Венера, исто така во опозиција, ве тера да размислувате за љубовниот живот и да се запрашате дали личноста покрај вас е вашиот вистински избор. За оние кои не се во врска, ова нема да биде најдобро време за романтични состаноци. Најсреќни денови: четврток, петок и сабота.

Јарец

Енергијата на Месечината ќе ви донесе предизвици, особено во вторник и среда. Од друга страна, Марс ќе ви помогне да се ослободите од стресот во работната средина, кој се појави како резултат на неповолниот транзит на Јупитер. Сепак издржете бидејќи ќе бидете наградени за вашиот труд кон крајот на мај.

Водолија

Уште една поволна недела од гледна точка на чувствата: можете да сметате на прекрасната Венера, а во понеделник ве очекува романтична месечина. Можеби нешто нема да оди според планот, но не дозволувајте тоа да ве изнервира. На работа можни се одложувања или непријатности поради неповолниот транзит на Меркур.

Риби

Неповолниот транзит на Венера ќе ви донесе период исполнет со предизвици. Затоа, најважно е да избегнете каков било конфликт и да се обидете да ги решите проблемите преку мирен разговор. Од друга страна, Сатурн и Меркур ќе ве поттикнат да се впуштите во амбициозен план, а доколку работите напорно, ве очекуваат позитивни резултати во мај!

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да прочитате и на кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретрограден Меркур почнувајќи од 21 април.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар