На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретрограден Меркур почнувајќи од 21 април?

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретрограден Меркур почнувајќи од 21 април?

Меркур е планета на комуникацијата и логиката, а неговата ретроградна состојба предизвикува конфузија во поглед на овие аспекти. Иако ретрограден Меркур настапува на 21 април, веројатно веќе ги чувствувате ефектите од овој транзит полн со предизвици.

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретрограден Меркур почнувајќи од 21 април?

Не е препорачливо да започнете нешто ново додека Меркур е во ретроградна фаза бидејќи ова е период на навраќање и помирување со минатото. Наместо да очекувате сè да оди според планот, можете да очекувате фрустрирачки одложувања и погрешни комуникации кои ќе го попречат напредокот. Во продолжение прочитајте на кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретрограден Меркур:

Бик

Ретрограден Меркур на 21 април ќе транзитира во Бик, што ве прави главна цел на овој збунувачки транзит. Сепак, дефинитивно не е крај на светот и ова ќе го преживеете. Но, додека Меркур се движи ретроградно низ вашата прва куќа на личноста, тоа може да доведе до намалена самодоверба, особено ако сте се потпирале на потврдата на другите луѓе за да се чувствувате успешни. Во овој период самите ќе вршите голем притисок врз себе да бидете совршени. Не очекувајте чуда да се случат преку ноќ за време на оваа тринеделна комуникациска криза. За време на ретроградниот Меркур добро би било да паузирате и да земете здив пред да донесете некои поголеми одлуки. Сепак, уште подобро би било да се вратите назад во времето и да видите што сте пропуштиле. По завршувањето на ретроградната фаза на Меркур ќе се чувствувате посилни, помудри и постабилни и ќе имате впечаток дека сте решиле долготрајна криза на идентитетот.

Близнаци

Ретроградниот Меркур секогаш има големо влијание врз вас со оглед на тоа дека Меркур е вашата владејачка планета. Кога Меркур ќе ја започне својата ретроградна фаза во вашата 12-та куќа на потсвеста, ќе ве поттикне да нурнете длабоко во вашата психа и да го слушнете вашиот внатрешен глас. Можеби ќе се почувствувате поинтровертно од вообичаено затоа што ќе работите со помалку енергија од вообичаеното. Овој ретрограден Меркур може да ве потсети на незавршената работа, но и да ве подготви да ѝ ставите крај на долготрајната врска. Дајте си време да го анализирате она што дошло и поминало. Кога ќе заврши ретроградната фаза, конечно ќе можете да почувствувате дека го се ослободувате она што повеќе не е ваша обврска да го носите како товар.

Девица

Со оглед на тоа дека Меркур ќе биде ретрограден во вашата деветта куќа на перспективата и филозофијата, неговата енергија може да ве врати на одредени места што сте ги посетиле или патувале. Може дури и да ве врати во одредени книги, теории, училници или екскурзии. Оваа ретроградна фаза ве поттикнува да научите некои лекции, да се потсетите на некои стари лекции. Можеби копнеете по подлабоко значење во вашиот живот и оваа ретроградна фаза ќе ве инспирира да го пронајдете значењето што сте го барале. Кога Меркур ќе ја прекине ретроградната фаза, можеби ќе се чувствувате инспирирани да ги видите нештата во сосема поинакво светло и да правите големи планови.

Скорпија

Ова ретроградно движење ќе го забрза процесот со тоа што ќе ве принуди многу повнимателно да ги погледнете луѓето со кои го споделувате вашиот живот. Со оглед на тоа што Меркур ќе биде ретрограден во вашата седма куќа на сојузниците и непријателите, неговата енергија ќе ве натера да станете свесни за траумите од минатите врски и конечно да се помирите со нив. Можни се и средби со поранешни партнери. Драмата ќе почне да се смирува по 14 мај кога ќе заврши ретроградната фаза на Меркур и кога многумина припадници на овој знак ќе научат како да им стават крај на токсичните врски.

Откако прочитавте на кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретрограден Меркур, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Марс во Рак до 20 мај.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар