Неделен хороскоп од 2 до 8 мај: Нова енергија за нови можности! - Part 2

Неделен хороскоп од 2 до 8 мај: Нова енергија за нови можности!

Вага

Оваа недела Венера ќе се поврзе со вашата седма куќа на љубовниот живот и ќе ви даде нова енергија во поглед на вашите социјални интеракции. Покрај тоа, ова ќе биде идеален момент да поработите на вашите најблиски врски. Доколку не сте во врска, ве очекуваат нови, занимливи познанства. Доколку сте во врска, време е да му дадете приоритет на партнерот и вистински да се поврзете со него.

Неделен хороскоп од 2 до 8 мај: Нова енергија за нови можности!

Скорпија

Додека Сонцето и Уран се среќаваат во вашата седма куќа, ќе настапат промени во некоја од вашите најблиски врски. Ова ќе ви помогне да се ослободите од тензијата на односот. Притоа, ваквото чувство на ослободување ќе ви донесе слобода и возбуда.

Стрелец

Јупитер ќе ви ја пружи сета можна енергија за да ги довршите започнатите проекти. Освен тоа, проектот на кој долго време работевте ќе ви донесе голем успех. Несомнено ве очекува унапредување, или нова лидерска позиција на работа!

Јарец

Со оглед на тоа дека Венера влегува во вашиот сектор на домот, постои голема можност дека оваа недела ќе се поврзете со партнерот или семејството. Освен тоа, нејзината енергија ќе ви помогне да ја вложите сета ваша креативност во нови проекти. Уште една добра вест – ќе наидете на можност која претходно сте ја пропуштиле. Овој пат искористете ја!

Водолија

Венера ќе влезе во вашата трета куќа или секторот на комуникацијата, овозможувајќи ви притоа да поработите на начинот на кој се однесувате со другите. Од друга страна, спојот на Сонцето со Уран кое ќе се случи во секторот на семејството ќе ве ослободи од некаков товар од минатото. Уживајте во ова ново чувство на слобода!

Риби

Ова е последната недела кога Јупитер ќе биде во вашиот знак. Ако веќе забележавте напредок на личен или професионален план, обидете се да продолжите со истото темпо додека енергијата на Јупитер е сè уште силна и ве тера на трансформација. Не грижете се доколку досега се чувствувавте збунето или несигурно бидејќи оваа ситуација ќе се промени. Наскоро ќе ги решите проблемите кои ве мачеа во изминатите неколку недели.

Откако го прочитавте хороскопот за оваа недела, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за мај.

Извор: myimperfectlife.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар