Неделен хороскоп од 2 до 8 мај: Нова енергија за нови можности!

Неделен хороскоп од 2 до 8 мај: Нова енергија за нови можности!

Што ни предвидуваат астролозите за оваа недела? Прочитајте во продолжение!

Неделен хороскоп од 2 до 8 мај: Нова енергија за нови можности!

Овен

Ве очекува голема среќа на љубовен план бидејќи Венера ќе остане во вашиот знак сè до 28 мај. Нејзиното влијание ќе ја зголеми вашата харизма и ќе ви помогне да привлечете нови познанства. Доколку размислувавте да пробате нова фризура или да го смените изгледот, оваа недела е вистинскиот момент. Не двоумете се да пробате нешто ново!

Бик

Затемнувањето на Сонцето од претходната недела ви отвори нова врата, но и оваа недела ќе продолжите да добивате јасни пораки од универзумот за насоката во која треба да се движите. Запрашајте се како да внесете повеќе слобода и креативност во вашиот живот. Спојот од Сонце со Уран во вашиот знак оваа недела ќе ви помогне максимално да ја изразите креативноста. Ве очекува нов период на можности!

Близнаци

Иако целокупната енергија ќе биде малку чудна како резултат на сезоната на затемнување, сепак оваа недела ќе ви донесе хармонија. Сонцето, Марс и Уран ќе ги активираат десеттата и дванаесеттата куќа на вашиот знак. Тоа значи дека ви претстојат големи можности за успех, но ќе мора да останете будни. Ако се појави некаква ексцентрична личност ислушајте ја докрај бидејќи може да ви биде поттик за нови и возбудливи идеи.

Рак

Иако сте еден од најинтровертните знаци во Зодијакот, сепак оваа недела универзумот ќе ви пружи можност да ги проширите вашите хоризонти. Сонцето, Марс и Уран ќе ја активираат вашата деветта куќа на учење и ќе ве поврзат со луѓето од вашата заедница. Тоа ќе ви помогне да го видите светот со нови очи!

Лав

Минатонеделното затемнување на Сонцето ви донесе нов почеток во областа на кариерата. Оваа недела, информациите за новиот проект полека излегуваат на површина – тоа секако ќе биде во ваша корист. Од друга страна, не занемарувајте ја потребата за пауза. Уште денес резервирајте за одмор бидејќи навистина ќе ви годи.

Девица

За вас оваа недела ќе биде идеален момент да се подготвите за ретроградното движење на Меркур. Завршете ги најважните проекти бидејќи тие се вашите приоритети. Одлична вест е дека универзумот ќе ви помогне да ја развиете вашата креативност што може да доведе и до ново љубовно познанство – доколку тоа е она кое ве интересира во моментов.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар