Неделен хороскоп од 17 до 23 јануари: Што ќе ни донесе полната Месечина?

Неделен хороскоп од 17 до 23 јануари: Што ќе ни донесе полната Месечина?

Оваа недела полната Месечина е еден од најзначајните астролошки настани за 2022 година. Нејзината енергија ќе ни даде можност да го оставиме минатото зад себе и да продолжиме да чекориме напред со нови сили. Во продолжение прочитајте како тоа ќе се одрази врз секој хороскопски знак одделно.

Неделен хороскоп од 17 до 23 јануари: Што ќе ни донесе полната Месечина?

Овен

Во следните денови ќе сфатите колку е важно да направите баланс помеѓу работата и приватниот живот. Астролозите ви препорачуваат да трошите помалку време на работа. Во спротивно ризикувате да ја потрошите својата енергија на не толку важни работи. Посветете внимание на семејството доколку сакате во домот да владее хармонија.

Бик

Оваа недела ве очекува незаборавна авантура! Задоволете ја потребата да направите нешто забавно и едноставно препуштете му се на животот. Ова е идеален момент и за напредок во кариерата, па затоа не плашете се од нови потфати, но и слободно споделете ги вашите идеи со претпоставените.

Близнаци

Оваа недела полната Месечина ќе помине низ вашата куќа на финансии, а тоа значи дека на повидок е подобрување на вашата финансиска состојба. Од друга страна, како што Сонцето влегува во знакот Водолија, ќе почувствувате нова енергија и желба за учење. Тоа ќе ви биде доволен мотив да почнете со примање нови информации и знаења.

Рак

Сега е вистинската можност да ги анализирате вашите чувства и да нурнете длабоко во вашиот емотивен свет. Деновите што доаѓаат се и одличен период за да се ослободите од она што веќе не ви служи. Тоа може да се однесува на луѓе, чувства, но и материјални нешта.

Лав

Полната Месечина оваа недела особено ќе влијае врз вашата потсвест, па затоа идеално би било на почетокот на неделата да поминете малку време сами. Ова ќе ви даде можност да направите самоанализа и да се прашате себеси дали одите во посакуваната насока или не.

Девица

Оваа недела ќе имате можност да поработите на вашата работна рутина и притоа ќе научите нови трикови за подобро организирање на времето и поефикасно извршување на обврските. Не двоумете се дали да ги применувате или не затоа што ќе ви бидат од голема помош. На некој од вашите пријатели ќе му биде потребна вашата помош, па затоа погрижете се да одвоите време за да го сослушате.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар