Неделен хороскоп од 17 до 23 јануари: Што ќе ни донесе полната Месечина? - Part 2

Неделен хороскоп од 17 до 23 јануари: Што ќе ни донесе полната Месечина?

Вага

Деновите што доаѓаат се одличен момент за да ја покажете вашата креативност, да се забавувате и да не се грижите за останатите работи. Полната Месечина може да ви влијае на начин што ќе бидете честопати во центарот на вниманието, а тоа ќе ви помогне и да стекнете нови пријателства.

Неделен хороскоп од 17 до 23 јануари: Што ќе ни донесе полната Месечина?

Скорпија

Ве очекува недела на пријатни изненадувања. Полната Месечина ќе ви даде можност да се ослободите од некои стари верувања за животот, љубовта, па дури и успехот. Животот се менува, а и вие со него, па затоа не плашете се од промени. Тоа ќе ви помогне подобро да се справите со новите животни предизвици.

Стрелец

Следниот период е идеално време да се фокусирате на комуникацијата. Оваа недела е вистинскиот момент доколку сакавте да го стартувате вашиот блог, подкаст или медиумски проект, а во рок од неколку недели ќе му го покажете на светот вашето ремек-дело.

Јарец

Работите лека полека почнуваат да се смируваат како што изминува месецот кој беше прилично интензивен за вас. Енергијата на полната Месечина ќе ви помогне да ги решите недоразбирањата без разлика дали се работи за приватниот или професионалниот живот. Не плашете се од тешки разговори затоа што токму тие ќе ви помогнат да успеете.

Водолија

Во следниот период универзумот ќе ви влијае на начин што ќе ве поттикне да размислувате за вашите цели оваа година. Сега имате можност да заблескате со оглед на тоа дека лека-полека се ближи вашиот роденденски месец. Ве очекуваат пријатни изненадувања и можност за убави промени, не пропуштајте ги!

Риби

Како што Сонцето ја осветлува вашата дванаесетта куќа на потсвеста, така вие влегувате во период кога имате потреба од тоа да поминете повеќе време сами и да се ослободите од стариот начин на размислување. Полната Месечина ќе ви даде можност повторно да стапите во контакт со вашата креативна страна.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп, можеби ќе сакате да прочитате и кои 4 хороскопски знаци ги очекуваат неволји до крајот на јануари.

Извор: myimperfectlife.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар