Најважните планети во астрологијата според нивното влијание

Најважните планети во астрологијата според нивното влијание

Во астрологијата, нашите планети ја содржат целата моќ на универзумот и без двоумење влијаат на нашите животи со неа. Тие ви даваат сила, ви покажуваат значење и го водат вашето срце кон љубов и успех. Сепак, нивните ефекти не се секогаш толку магични или значајни.

Најважните планети во астрологијата според нивното влијание

Всушност, планетите можат да ви предизвикаат голема загуба, тешкотии и болка. Планетите се како богови и божици на универзумот со нивни лични карактеристики, и иако нивната цел е да го постигнете вашиот полн потенцијал, не се секогаш добри со нивните методи.

Додека сите планети имаат позитивни и негативни страни, постојат некои кои изгледаат како да немаат ништо друго овен интензитет. Нивното појавување често доаѓа со непредвидлив ужас, емоционални тешкотии и темнина. Сепак најчесто на крај сте посозреани од кога било. Овие планети ви направиле добро и иако се застрашувачки, нивното влијание има најдобри резултати.

Сатурн: Планетата на кармата и дисциплината

Saturn GIF

Гледајте ја Сатурн како строг татко. Тој е овде од моментот кога сте се родиле, ви ги покажува последиците од лошите одлуки и ви поставува граници за да не направите голема грешка. Сатурн ве учи дека трудот и енергијата што ги вложувате во универзумот диктираат колку далеку ќе стигнете. Додека мрзеливоста и самоуништувањето резултираат со загуба и стагнација, напорната работа и дисциплината секогаш раѓаат успех.

Во астрологијата, на Сатурн ѝ се потребни 29,5 години за да направи цел круг околу сонцето и се открива како бавен и трпелив пат кон зрелоста. Сепак, вашето патување може да стигне до голема раскрсница за време на „враќањето на Сатурн“. Ова се случува кога Сатурн се враќа на позицијата на којашто бил во моментот кога сте се родиле. Првото враќање ќе го доживеете помеѓу 27 и 30 години. Во овој момент ќе бидете присилени да одлучите дали сте подготвен да „пораснете“. Едно нешто е сигурно, нема да бидете истата личност по вашето враќање на Сатурн.

Уран: Планетата на радикална и неочекувана промена

Passing GIF

Уран е како мистериозното момче што ви го украло срцето и си заминало со него. Тоа е слободен дух, сака да ги крши правилата и да биде „обичен“ го плаши повеќе од сè на светот. Сепак, кога нештата ќе станат сериозни тој почнува да ве напушта. Според астрологијата, Уран има светла и револуционерна визија за иднината и на оваа планета не ѝ е страв да се ослободи од старите традиции за да ја направи реалност. За жал, Уран може да биде вистински бунтовник само затоа што сака да бунтува.

Во вашата натална карта, Уран покажува што ве прави уникатна личност и истакнува каде можете да направите убава и прогресивна промена. Сепак, Уран го открива делот од вашиот живот во кој сигурно ќе доживеете многу нестабилност. Ако Уран е во куќа што бара трпение и посветеност, како седмата куќа на врските, ве очекува навистина бурен пат.

Плутон: Планетата на смртта и преродувањето

Pluto Flyby GIF

Гледајте го Плутон како собирач на души. Од духовна гледна точка, смртта е најдлабоката и најголемата промена што ќе ја доживеете. Промената е толку голема што искрено никој не знае што се случува следно. Иако секој си има свое мислење за задгробниот живот, неоспорно е дека смртта е крајот. Но, тоа е и почеток на нешто ново, нешто што допрва треба да го разберете.

Во астрологијата, Плутон ја претставува најтрансформирачката метаморфоза. Носејќи ве на работ на духовна смрт, Плутон ги содржи сите ваши стравови, но и целата ваша сила. Ги открива тајните што очајно сакате да ги зачувате, она што ви е страв да го изгубите и колку далеку би отишле за да го имате она што го сакате. Во наталната карта, Плутон ги открива деловите од вашиот живот кои имаат најмрачна моќ.

Откријте и која планета владее со вас според вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар