На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на ретрограден Меркур во Девица?

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на ретрограден Меркур во Девица?

Транзитот на ретроградниот Меркур во Девица воведува прилично уникатна динамика што може да влијае различно на луѓето врз основа на нивните хороскопски знаци. Еве на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на Меркур почнувајќи од 23 август.

На кои 4 хороскопски знаци најмногу ќе им влијае транзитот на ретрограден Меркур во Девица?

Близнаци

Близнаците се познати по комуникативните способности и брзото размислување. Меѓутоа, за време на ретроградниот Меркур во Девица, тие би можеле да се соочат со комуникациските предизвици, да наидат на несогласувања, да имаат проблеми со јасно артикулирање, па дури и да се соочат со технолошки проблеми. Затоа е од клучно значење за Близнаците да внимаваат на нивните зборови и повторно да ги проверат сите информации пред да ги пренесат за да избегнат потенцијални погрешни толкувања.

Девица

Со ретрограден Меркур во нивниот знак, Девиците можат да бидат длабоко погодени. Нивната пребирлива природа може да стане нагласена, што ќе резултира со прекумерно самокритичко размислување. Тие ќе бидат поттикнати повторно да ги проценат своите цели, врски и општи насоки во животот. Тоа, од друга страна, ќе биде од витално значење за нив да се грижат за себе, да бидат љубезни кон себе и да побараат поддршка од нивните најблиски во оваа фаза.

Стрелец

Стрелците, огнен знак познат по својата слободоумна, претприемничка природа, најверојатно ќе ги почувствуваат ефектите на ретроградниот Меркур во Девица во нивното чувство за насока и планирање. Големи се шансите дека ќе ги очекува доцнење или прекин на патувањето, а можеби и проблеми со документите и визата па сè до разноразни предизвици при организирањето на своите секојдневни обврски.

Риби

Рибите имаат тенденција да бидат чувствителни. Додека Меркур е ретрограден во Девица, тие најверојатно ќе бидат уште почувствителни. Ова може да резултира со дисхармонија во нивните односи и јасна потреба за комуникација. Од витално значење за Рибите е да покажат поголема грижа за себе, да воспостават здрави граници и ефикасно да ја соопштат нивната потреба за одржување на хармонијата за време на оваа бурна фаза.

Откако прочитавте на кои хороскопски знаци најмногу ќе им влијае ретроградниот Меркур во Девица од 23 август, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае спојувањето на Сонцето и Венера на 13 август.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар