Конјункција на Јупитер и Плутон: Следните денови ќе донесат големи промени

Конјункцијата на две планети значи дека тие во одреден момент ќе се најдат на исто ниво и таа ќе започне овој месец, односно од 4 до 7 април помеѓу планетите Јупитер и Плутон. Она што го прави овој настан особено важен од астролошки аспект е тоа што се случува многу ретко – на секои 13 години, а оваа година конјункцијата на Јупитер и Плутон ќе се случи во 3 наврати. Затоа, не е ни чудо што 2020 година е многу драматична година и претставува значајна пресвртница, како на лично така и на глобално ниво.

Конјункција на Јупитер и Плутон: Следните денови ќе донесат големи промени

Јупитер и Плутон оваа година трипати ќе се најдат во позиција на израмнување: на 4 април, на 30 јуни и на 12 ноември, што симболично го претставува почетокот, средината и крајот на циклусот, кој треба да означува значајни промени што треба да донесат важна пресвртница, како на лично така и на глобално ниво. Она што е сигурно е дека ова енергетско влијание веќе се чувствува од крајот на март и е многу важно да го препознаете.

Јупитер е владетел на небото, Плутон на подземјето, на моќта и на смртта. Меѓутоа, кога овие 2 планети се сретнуваат, се создава посебна енергија која носи промени. Плутон укажува на смрт, уништување и исчезнување, но уништувањето означува и нов почеток – создавање нови темели, па во таа смисла, присуството на Јупитер e многу важно. Јупитер значи изобилство и богатство и на некој начин, оваа планета обезбедува основа за нов почеток, за просперитет и за успех.

Но, како ќе се одвиваат работите зависи од вас. Спојувањето на Јупитер и Плутон носи голема сила и потенцијал, но оваа моќ може да се искористи на различни начини. Важно е да ги оставите настрана алчноста и амбицијата и да согледате како да ја искористите можноста за нов почеток.

Исто така, со оглед на тоа што промените се глобални, може да се чувствувате беспомошно и како вие да не управувате со кормилото, но тие нешта се случуваат надвор од вашата контрола. Во тој случај, важно е да разберете дека, иако не можете да влијаете на овие промени, можете да се влијаете на себеси во рамките на тие промени.

Прочитајте какво влијание ќе има полната месечина на овој ден врз животот на секој хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар