Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци до крајот на 2022 година?

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци до крајот на 2022 година?

Остануваат помалку од 3 месеци до крајот на годината, а во наредниот период нè очекуваат важни планетарни движења кои, несомнено, ќе влијаат врз нашите животи.

Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци до крајот на 2022 година?

Дури кон крајот на годината Меркур ќе го започне своето ретроградно движење, а тоа значи дека до крајот на декември нè очекува стабилност во финансискиот сектор, многу среќа и нови можности.

Овој период ќе биде особено поволен за луѓето родени во знаците на Девица, Близнаци и Водолија.

Освен тоа, во следните месеци Венера ќе им донесе многу енергија, инспирација и мотивација на луѓето родени во знаците на Бик, Вага и Риби. Тоа особено ќе биде забележително на 10 декември кога Венера ќе премине во знакот Јарец.

Од друга страна, Марс ќе почне да се движи ретроградно на 30 октомври што ќе придонесе за агресивност кај припадниците на знаците Скорпија и Јарец. За разлика од нив, припадниците на знаците Бик, Рак и Вага нема да имаат проблеми за време на ретроградната фаза на Меркур и дури и ќе успеат да се ослободат од негативните мисли.

Меѓу другото, кон крајот на годината Уран ќе го започне своето ретроградно движење, но тоа нема да влијае негативно врз оние родени во знакот на Скорпија, Јарец и Водолија. Тие дури и ќе имаат енергија во овој период да ги надминат најголемите тешкотии.

На 20 декември Јупитер ќе премине во знакот Овен. Овој транзит ќе отвори нови врати и ќе донесе нови перспективи. Така, во текот на овој период многумина ќе успеат да ги решат несогласувањата и недоразбирањата, како и правните и финансиските проблеми.

Сепак, врз основа на севкупната анализа, астролозите заклучија дека најмногу среќа, успех и нови можности ќе имаат припадниците на знаците Бик, Вага, Водолија и Риби. Астролозите им препорачуваат да не трошат време и енергија на безначајни работи, да ја завршат започнатата работа и да бараат нови предизвици и извори на инспирација бидејќи ќе успеат да го остварат сето она што ќе го замислат!

Откако прочитавте кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци до крајот на оваа година, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 хороскопски знаци ги очекува големо богатство во 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар