Како вистински да сакате девојка родена во знакот Девица?

Комбинација од интелигенција, добрина и желба да им се помогне на другите. Оние кои имаат Девица во својот живот знаат точно за што станува збор. Не е лесно да ја натерате Девицата да ви се отвори, особено ако се работи за љубовна врска, но кога тоа конечно ќе се случи, ќе сфатите дека вредело целото тоа чекање и трпение. Девицата секогаш го предизвикува нејзиниот партнер да почне да размислува на поинаков начин и сака некој кој ќе покаже смисла за хумор исто толку чудна колку нејзината и ќе може да ја насмее. Кога Девиците сакаат, сакаат со целото свое срце било да се работи за партнер, пријател или домашно милениче. Девиците ни покажуваат дека љубовта е многу потценета и не се плашат да ја покажат. Токму затоа, има посебни начини на кои треба да им се покаже љубов, а следниве се неколку од нив…

Како вистински да сакате девојка родена во знакот Девица?

Секогаш вложувајте труд во врската

Девицата секогаш вложува многу труд и го очекува истото и од нејзиниот партнер. Доколку не се трудите доволно во врската, не очекувајте Девицата да го прави истото. Девиците исто така сакаат момци кои знаат да се грижат за себе. Момците кои имаат стабилна работа и знаат да мислат со своја глава се многу привлечни за Девиците.

Ценете ја нејзината интелигенција

Девиците имаат многу методичен пристап кон животот, што значи дека секогаш размислуваат за нивниот следен чекор. Тие не се плашат да потрошат малку време на размислување пред да донесат одлука, ако знаат дека подоцна ќе бидат задоволни со резултатот. Покажете им љубов со тоа што ќе ја цените нивната интелигентна природа. Таа знае дека понекогаш претерува со сите тие нејзини методи, но исто така знае дека на луѓето кои ја сакаат не им пречи тоа. Слушајте ја внимателно кога се обидува да реши некој проблем или да испланира патување, можете многу да научите од неа.

Одвојте време за да се опуштите заедно

Девицата понекогаш знае да се изгуби во нејзините мисли и поради тоа може да се почувствувате како сѐ во врската да се врти околу работа,а нема никаков простор за забава. Потсетете ја колку е важна вашата врска. Испланирајте излет во паркот или гответе заедно. На тој начин ќе се зближите и ќе ѝ помогнете да се опушти и да ги смири нејзините нерви.

Немојте нејзината интроспективна природа погрешно да ја интерпретирате како срамежливост

Точно е дека има срамежливи Девици, но она што навистина се случува во нивните глави е интроспективно размислување. Девиците премногу размислуваат и можат да поминат со часови во мислење на нешто што не е толку важно. Доколку нејзината тивка природа се разликува од вашиот карактер, обидете се да ја натерате гласно да ги искажува нејзините мисли. На почеток ќе ѝ биде тешко, но верувајте дека ќе го цени тоа што сакате да ја ислушате.

Како вистински да сакате девојка родена во знакот Девица?

Помогнете ѝ дури и кога не бара помош

Девиците најмногу од сѐ мразат да бараат помош. Со целото тоа нејзино размислување, таа не сака кога треба да побара туѓо мислење. Таа попрво би се мачела сама, отколку да ја побара вашата помош. Наместо да дозволите тоа да ве фрустрира, понудете ѝ помош дури и кога не побарала. Длабоко во себе, таа сака маж кој ќе биде тука за неа, без да го побара тоа од него.

Добрината ќе ве однесе далеку

Една од најголемите доблести на Девицата е нејзината способност да биде фина во речиси секоја можна ситуација и токму тоа ја прави толку прифатена и обожавана од другите. Девиците не можат да поднесат луѓе кои се некултурни без причина, така што ако вам тоа ви претставува забава, заборавете на Девицата. Девицата сака партнер кој ќе биде добар кон луѓето и животните. Таа ги обожава животните и ако не можете кон неа и нејзиното милениче да се однесувате со истата почит, вашата врска нема да трае долго.

Не ги занемарувајте ситниците

Девиците обрнуваат големо внимание на деталите. Таа секогаш ќе се грижи за вас и ќе внимава да не ви недостасува нешто. Ако сакате да ѝ покажете на Девицата дека ја сакате и се грижите за неа, возвратете ја улогата. Таа ќе ја обожава вашата порака за добро утро или тоа што ќе отидете со неа во супермаркет. Ситниците се од големо значење кога сте со девојка родена во знакот Девица.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар