Како се караат хороскопските знаци: Некаде летаат пердуви, а некаде се влегува во ринг

Како се караат хороскопските знаци: Некаде летаат пердуви, а некаде се влегува во ринг

Кога станува збор за кавги, секој хороскопски знак има свој начин на изразување на незадоволството. Некои викаат, врескаат и прават драма, а некои едноставно остануваат смирени. Прочитајте дали вашиот хороскоспки знак спаѓа во првата или во втората група.

Како се караат хороскопските знаци: Некаде летаат пердуви, а некаде се влегува во ринг

Овен

Како претставник на огнените знаци, Овенот има многу краток фитил. Личностите родени во овој хороскопски знак се во состојба да се налутат дури и за најмалата ситница и секоја навреда ја сфаќаат како напад врз своето его. Овие личности се нестрпливи и агресивни, но колку брзо што се лутат, толку брзо и простуваат. Нивните напади на бес се бурни и тие се вцрвенуваат и викаат, но веќе следниот момент забораваат на сè и се претвораат во вистинско јагне.

Бик

Бикот е земјен знак и тоа го прави многу трпелив. Некој би помислил дека тој е во состојба да трпи и додека некој му скока на глава, но тоа не е така. Точно е дека никој нема силни нерви како што имаат личностите родени во овој хороскопски знак, но штом еднаш ги изнервирате, не е ни малку пријатно да бидете во нивна близина. Кога фитилот ќе им догори, овие личности се претвораат во вулканска ерупција. Поради тоа, на сите им се советува да не го преминуваат прагот на нивната толеранција, а ако го сторат тоа, да трчаат сè додека ги држат нозете.

Близнаци

Како воздушен знак, Близнаците се исклучително интелигентни и хиперактивни. Личностите родени во овој хороскопски знак немаат напади на бес и паника, но ако се изнервираат, ќе му возвратат на противникот со избирање на соодветните зборови за да го надмудрат, но однапред ќе ја проценат ситуацијата за да бидат сигурни дека кавгата нема не им наштети на своите интереси. На овие личности брзо им поминува лутината затоа што тие се водат од логиката и од разумот и не прават проблеми таму каде што би можеле да имаат корист. Својата нервоза ја смируваат слушајќи гласна музика.

Рак

Ракот воопшто не ги троши своите нерви на другите и ништо не може да му предизвика вознемиреност. Раковите се грижат и размислуваат зошто се изнервирале и што им предизвикало нервоза, но ретко имаат изливи на бес. Овие личности ја собираат лутината во себе и се лекуваат со одење во кафеана или во теретана. Никогаш не реагираат на првиот удар, но ќе ја искористат секоја можност за да му приговараат на противникот. Но, ваквото задржување на лутината во себе може да предизвика разни психосоматски проблеми.

Лав

Како и другите огнени знаци, Лавовите се експлозивни, но не колку Овните. Личностите родени во овој хороскопски знак се многу раздразливи, но по некое време забораваат и преминуваат преку тоа. Лавот реагира веднаш и ги побива сите аргументи, но знае и да попушти ако сфати дека погрешил. Овие личности не сакаат расправии и се егоцентрични, па навремено ќе направат работите да бидат по нивно.

Девица

Девицата се смета за најсмирениот знак на Зодијакот. Овие личности максимално се контролираат и свесни се за своите зборови и постапки, па ретко зборуваат лошо за другите. Девиците ги задржуваат емоциите, имаат убаво однесување и се премногу „културни“ за отворено да го покажат своето незадоволство, а секогаш се незадоволни. Тие се смируваат со читање книги и со слушање музика, а заради криење на лутината, со текот на годините стануваат депресивни. Ако Девиците сметаат дека погрешиле или претерале, веднаш ќе се извинат.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар