Како Рибите може да станат подобар партнер во врската?

Рибите се добар и емотивен партнер, но како да бидат подобри во врските и да не претеруваат со своето фантазирање дознајте од следниов текст.

Како Рибите може да станат подобар партнер во врската?

Вие не знаете како да се приземјите и тоа претставува голем проблем кога сте во врска затоа што ја избегнувате реалноста и влегувате во вашиот свет на фантазии. Со таквото однесување може да ја пропуштите можноста за длабоко поврзување со партнерот по кој толку мечтаевте. Не лутајте со мислите кога сте со партнерот и не пропуштајте го тоа што се случува реално пред вашите очи.

Запомнете дека не е сè како во филмовите или во вашата фантазија. Треба да престанете да бидете толку идеалистички настроени, особено кога станува збор за вашиот партнер. Не романтизирате сè што ќе согледате кај партнерот и бидете внимателни. Ценете го онаков каков што тој навистина е. Тешко ви е да направите проценка што е реално, а што не, па затоа треба да научите кога да направите чекор назад за да ја согледате реалноста. Научете да рационализирате.

Изразете се гласно за тоа што го сакате. Комуникацијата е важна. Кога сте несреќни се стишувате, делувате оддалечено и станувате пасивно-агресивни. Не можете да очекувате вашиот партнер веднаш да сфати дека сте повредени. Само затоа што сте интуитивни и емпатични, кога станува збор за своите емоции, не значи дека сте такви и со другите. Вашите емоции се многу интензивни, но партнерот не може да знае што чувствувате ако не му кажете. Престанете да се повлекувате во себе со намера да го казните или да го тестирате очекувајќи да ги поправи грешките.

Престанете да избегнувате соочување и да ја криете главата „под песокот“ при расправии. Премногу сте чувствителни кога станува збор за нештата кои тој ќе ви ги каже, па затоа треба да научите како да ги сфаќате работите помалку лично.

Соочете се и прашајте го директно што ве интересира за да се осигурате дека вашата врска не функционира со еднострано вложување. Вие сте премногу дарежливи, но понекогаш мора да си дозволите нешто и да земете, а не само да давате. Престанете да бидете толку самопожртвувани и не се предавајте толку лесно. Научете како да кажете „не“ и како да поставите граници или ќе станете огорчени и ќе останете без саканата личност.

Не мора секогаш да бидете херој. Вашиот партнер е возрасна личност и може сам да се грижи за себе. Треба да му дозволите самиот да се снаоѓа.

Неверојатно го обожувате партнерот, но треба да научите да ја вложувате вашата романтична креативност и на друго место. Најдете хоби за да го искористите вашиот ум што сака да мечтае. Вашата страст не треба да биде насочена само кон вашиот партнер. Имате многу силно изразена уметничка страна, затоа истражете ја. Треба да научите како да се дистанцирате од партнерот и за возврат да ги почитувате нивните граници.

Престанете да му кажувате на вашиот најдобар пријател сè за вашата врска. Вие имате навика да се жалите бесконечно кога нешто не е во ред. Не ги споделувајте сите детали од врската зашто така ќе го прикажете партнерот во лошо светло. Дури и добрите работи чувајте ги за себе. Некои работи сепак треба да останат тајна.

Можеби сакате да ги дознаете и 8-те причини зошто жените Риби се најдобри за врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар