Како ќе ни влијае ретрограден Сатурн од 17 јуни до 4 ноември 2023 година?

Како ќе ни влијае ретрограден Сатурн од 17 јуни до 4 ноември 2023 година?

Сатурн ќе ја започне својата ретроградна фаза од 17 јуни до 4 ноември 2023 година, во знакот Риби. Оваа планета поминува околу 6 месеци од годината во ретроградна фаза, но оваа фаза е особено значајна бидејќи за прв пат Сатурн почна да се движи ретроградно низ Риби откако влезе во овој знак уште во март.

Како ќе ни влијае ретрограден Сатурн од 17 јуни до 4 ноември 2023 година?

Сатурн се смета за главен учител на зодијакот. Тој ни носи неколку предизвикувачки лекции, но тие нè охрабруваат да растеме и да го достигнеме нашиот најголем потенцијал.

Сатурн нè поттикнува и да преземеме одговорност за нашите животи, да ги прифатиме нашите постапки и одлуки и да научиме како да создаваме граници. Тоа е многу едноставна, црно-бела енергија која нè инспирира да бидеме амбициозни, да се стремиме високо и да се истакнуваме во што и да правиме. Сатурн може да претставува и проблеми со машката енергија, татковската фигура или со авторитетот.

Додека Сатурн патува ретроградно, нè тера да размислуваме за нашите минати постапки и да видиме каде сме заборавиле да преземеме одговорност или да поставиме граници. Како наш главен учител, Сатурн се навраќа наназад во изминатите неколку месеци, проверувајќи дали сме ја завршиле домашната задача и дали ги прифаќаме понудените лекции.

Сатурн за прв пат влезе во Риби на 8 март 2023 година. Колку пораснавте од 8 март до 17 јуни? Како созреавте? Кои лекции ги научивте досега?

Можеби ќе откриете дека настаните од минатото и тоа почнувајќи од март 2023 година повторно се појавуваат за да можете повторно да ги анализирате. Може да се појават и прашања околу нашата креативност, ограничувања и блокади или нашето емоционално здравје.

Сатурн сака да бидеме одговорни за нашите постапки и животот што сакаме да го имаме. Ако работите не одат како што сакате, Сатурн ве принудува да се соочите и ве турка да ги преземете чекорите кои се неопходни за да го преместите вашиот живот на подобро место.

Можеби се чувствуваме заглавени или несигурни како да продолжиме, но тоа чувство на заглавување се јавува само затоа што треба да си дадеме време да дојдеме до суштината на проблемот.

Ако се чувствувате заглавени за време на ретроградноста на Сатурн, тоа е затоа што треба да се фокусирате на тоа каде сте во моментов.

Додека Сатурн патува ретроградно низ првите 7 степени на Риби, можеме да забележиме како нашето внимание ќе биде насочено кон креативноста и креативните блокади, одговорноста и зрелоста, поставувањето граници во односите со другите, духовните верувања и менталното здравје.

Откако прочитавте за влијанието на ретрограден Сатурн во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар