Како ќе ни влијае ретрограден Јупитер во следните 4 месеци?

Како ќе ни влијае ретрограден Јупитер во следните 4 месеци?

Астролозите предвидоа како ретроградниот Јупитер ќе ви влијае во следните 4 месеци почнувајќи од денес па сè до 24 ноември оваа година!

Како ќе ни влијае ретрограден Јупитер во следните 4 месеци?

Вообичаено ретроградната фаза на планетите, односно кога тие се движат наназад, ја поврзуваме со нешто негативно. Секоја година Јупитер влегува во ретроградна фаза, а оваа година тоа ќе се случи токму во следните четири месеци. Така, во периодот што доаѓа можни се многу промени и трансформации, но и голема циркулација на информации. Иако многу работи нема да бидат лесни, ние ќе научиме многу од нив.

Ретроградниот Јупитер ќе донесе можности за патување во странство, но и ќе ги смени работите на личен план. Кога ќе се поврзе со Лилит, црната Месечина во знакот Рак, може да доведе до брак или до разделба за паровите кои долго време се соочуваат со проблеми во врската.

Од друга страна, многумина кои неодамна раскинале ќе имаат можност да започнат нова љубовна врска. Освен тоа, Јупитер во секстил со Месечината дава можност за формирање семејство и нова заедница.

Во поглед на работата, многумина можат да очекуваат добри вести. Сите оние кои имаат лидерски и организациски вештини можат да профитираат. Сепак, Јупитер е склон кон претерување, па затоа внимавајте на лажната самодоверба и егоизмот. Во овој период се очекува и подобрување на финансиите. Меѓу другото, ретроградниот Јупитер ќе ви овозможи да ги откриете сопствената судбина и можностите за остварување на вашите цели. Доволно е да се ослободите од товарот на минатото и да гледате во иднината со оптимизам и покрај сите препреки!

Откако прочитавте за влијанието на ретроградниот Јупитер, можеби ќе сакате да прочитате и кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци за време на младата Месечина во Лав.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар