Како ќе ни влијае пролетната рамноденица на 21 март?

Како ќе ни влијае пролетната рамноденица на 21 март?

На 21 март нè очекува пролетната рамноденица. Овој ден претставува момент на рамнотежа, враќање во состојба на нулта точка поради изедначувањето на бројот на дневните и ноќните часови. Мартовската рамноденица исто така се совпаѓа со почетокот на сезоната на Овен, а бидејќи Овенот е првиот знак на Зодијакот, се смета и за почеток на астролошката нова година.

Како ќе ни влијае пролетната рамноденица почнувајќи од 21 март?

Мартовската рамноденица ја најавува и пролетта, фокусирајќи се на обновувањето и создавањето рамнотежа. Во зависност од фазата во која се наоѓате во животот, ќе почувствувате желба да ги обновите вашите стари страсти или ќе добиете поттик да се повлечете во тишина и да се анализирате себеси.

Прифатете каде сте и сфатете дека како што се менуваат годишните времиња, така се менуваат и вашите животни околности. Не заборавајте дека за време на оваа рамноденица во март 2023 година сè е можно бидејќи нема планети во ретроградно движење. Тоа значи дека универзумот ќе ни пружи силна енергија која ќе нè тера да одиме напред и да напредуваме.

КакоНа 17 март, Марс, владетелот на Овенот и планетата поврзана со акција и мотивација, ќе ја напушти својата постретроградна фаза и ќе нè исполни со енергија. На 21 март нè очекува млада месечина во Овен што отвора неверојатни можности за нови почетоци и поставување цели.

Младата месечина во Овен обично е еден од најдобрите периоди во годината за поставување цели. Оваа мартовска млада месечина во Овен ќе го отвори патот за енергиите на затемнувањето што ќе се случи следниот месец. Таа ќе ни помогне да се подготвиме за новото поглавје што е предодредено да се отвори.

Искористете ја пролетната рамноденица за да ја апсорбирате позитивната енергија на рамнотежата. Искористете ја оваа енергија и за повторно да бидете стабилни, сигурни и целосни. Обидете се да внесете рамнотежа во вашата рутина, вашата исхрана и вашиот стил на живеење. Препознајте ги оние аспекти од вашиот живот кои се надвор од рамнотежа и потрудете се да воспоставите леснотија и хармонија во тие области.

Поминувајте повеќе време во природа и сфатете дека се можни нови промени. Поставете ги вашите цели, визуелизирајте го она што сакате да го привлечете и останете отворени. Не заборавајте дека се можни промените за кои сонувате само доколку доволно се потрудите.

Откако прочитавте за влијанието на пролетната рамноденица, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи промени сè до 2026 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар