Како изгледа идеалната новогодишна елка за секој хороскопски знак?

Новата година веќе ни затропува на врата, насекаде владее празнична атмосфера и елките сјаат во домовите на сите што се во исчекување на најлудата ноќ во годината. Сигурно сите вие обожавате да ја китите елката и да ги редите декорациите. Но, дали знаете дека секој хороскопски знак има свој начин на китење елка?

Овен

Овенот е љубител на модерните и едноставните декорации со кои обожава да го декорира својот дом во секоја доба од годината, не само во новогодишната. Силните црвени класични фигури и црвените сијалички на зелена елка се полн погодок за него.

Бик

Бикот е земјен знак што сака пофалби, па затоа и ќе ја одбере највисоката елка што ќе ја најде за да се издвои. Високото и природно дрво со многу декорации има моќ да го развесели секој Бик.

Близнаци

Близнаците не сакаат монотонија и досада. За традиционалните Близнаци, идеалната новогодишна елка е шарена и богата со декорации, додека пак оние со малку послободен и покреативен дух може да се одлучат и за алтернативно дрвце.

Рак

Раковите ги сакаат празниците бидејќи тогаш можат да поминуваат многу време со семејството. Нивниот идеален избор е класичен бор украсен со стаклени декорации. Како вистински воден знак, омилена боја му е сина – поради што и таа ќе доминира меѓу декорациите.

Лав

Лавот е огнен знак, па затоа и воопшто не е чудно што е љубител на миризливите свеќи со коишто може да направи одлична празнична атмосфера. Неговата омилена златна боја ќе доминира на новогодишната елка, како и меѓу останатите декорации.

Девица

Педантната Девица обрнува многу внимание на деталите. Својата елка ќе ја доведе до апсолутно совршенство на кое никој нема да остане рамнодушен. Стеблото мора да биде високо и елегантно и опкружено со традиционални стаклени и светкави лампиони.

Вага

Вилите и животинските и митските ликови се омилени додатоци на елката за секоја Вага, а некои дури преферираат и јапонски декорации, како украси од оригами што се уникатна и забавна „направи сам“ идеја за китење.

Скорпија

Скорпиите ќе го изберат највисокото дрво што ќе го видат, и на него ќе стават само темноцрвени, црни и темносини декорации. Меѓу класичните лампиони ќе се наѕираат и ангели, бидејќи старинските декорации отсекогаш им биле блиски до срцето.

Стрелец

Овој забавен знак ќе накити својата елка со многу животински фигури, како и со духовни и религиозни симболи. Па, немојте воопшто да се зачудите кога ќе видите еднороги меѓу класичните декоративни лампиони.

Јарец

Јарецот е голем љубител на животните, а тоа може да се одрази и во начинот на кој ги бира декорациите за елката. Кучиња, мачки, мечки и други животни ја красат неговата елка, заедно со висечки бонбони во необични бои.

Водолија

Во домот на Водолијата секоја година има елка која изгледа како да излегла од страниците на некоја бајка. Таа исто така е и посветла од диско топка. Водолијата секогаш експериментира со боите, па затоа и добива сосема уникатен резултат.

Риби

Новогодишното дрво за креативните Риби е одлична идеја да ги споделат своите идеи. Тие се секогаш авангардни, но исто така и мислат на околината. Со оглед на тоа што преферираат морски животни, како инспирација за декорација често им служи тиркизната или виолетовата боја.

Дознајте и кои се 3-те хороскопски знаци што ќе имаат магична предновогодишна недела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар