Како есента влијае врз вашиот хороскопски знак?

Како есента влијае врз вашиот хороскопски знак?

Хороскопскиот знак е еден од показателите за тоа како се чувствувате за време на есенските денови. На секое од следните прашања можете да изберете по еден одговор, А, Б или В.

Како есента влијае врз вашиот хороскопски знак

1. Вашиот астролошки знак е:

A) Риба, Овен, Бик или Близнаци
Б) Рак, Лав, Јарец или Водолија
В) Девица, Вага, Шкорпија или Стрелец

2. Вашиот омилен дел од денот е:

A) Зора или утро
Б) Самиот ден, пладне или ноќ
В) Предвечер или вечер

3. Вашето омилено место за излет е:

A) Пејзаж со бистар поток покрај ливада со полско цвеќе
Б) Камен пејзаж на 2.000 метри надморска височина или пак на топол остров, по можност тропски
В) Покрај благиот наклон на сопственото лозје, овоштарник или на падината со костенови дрвја

4. Вашето омилено место за излегување е:

А) Забава во градината, може да биде и дневна забава
Б) Голема забава или останување сами дома со добар филм
В) Убав ресторан со пријатна атмосфера и удобен ентериер

5. Градот кој најмногу сакате да го посетите е:

А) Рим
Б) Фиренца
В) Венеција

6. Држава во која најмногу сакате да патувате:

A) Италија
Б) Босна и Херцеговина
В) Австрија

7. Како изгледа собата од вашите соништа:

А) Едноставна соба со голем балкон
Б) Сеедно, само креветот да биде удобен
В) Соба со мебел од дрво со убава работна маса со мали фиоки

8. Од следните бои, најомилена ви е:

А) Зелена
Б) Сина
В) Портокалова

9. Од следните изрази, најомилен ви е:

A) Светот на младите останува
Б) Златна средина
В) Трпение – спасение

Сега избројте ги резултатите и проверете колку одговори имате под А, колку под Б, а колку под В. Тестот се состои од непарен број прашања, така што секогаш една од овие три опции мора да преовладува. Доколку имате по три одговори од сите три опции, можете да се сметате за доста приспособлива личност и најблизу до оние кои имаат најмногу одговори под Б.

  • Доколку ги изброjавте одговорите, погледнете ги резултатите.

    ЕСЕНСКИ ГУБИТНИЦИ – НАЈМНОГУ ОДГОВОРИ ПОД А

    Ја доживувате есента како време кога нешто неповратно минува, си оди, исчезнува. Тоа кај вас може да предизвика тажно расположение и меланхоличност. Доколку сте и метереопат, тогаш сигурно ви недостига топлина и сонце. Дури и топлите есенски денови не ви се доволни. Во ова време од годината вашето расположение е нарушено, па така се повлекувате во вашиот внатрешен свет сè до „идната сезона“ на пролет и лето. Обидете се да гледате позитивно на есента и на тоа што таа ви го носи. Согледајте ја нејзината убавина и предност. Не занемарувајте го ова и обидете се да пронајдете нешто што ќе ви ги направи повесели и поисполнети деновите од ова годишно време.

    ТОЛЕРАНТНИ И ПРИСПОСОБЛИВИ – НАЈМНОГУ ОДГОВОРИ ПОД Б

    Или ви е сеедно какво е времето надвор, или со леснотија се адаптирате на сè. Понекогаш сакате промени поради нив самите. Есента за вас е само една од циклусот промени што ни ги носи природата и животот. Тоа покажува дека сте зрела личност и без проблеми се снаоѓате во различни ситуации. За вас, секое годишно време си има свој шарм, подеднакво ви се убави дождот и сонцето. Вие сте толерантни и го сакате животот. Затоа знаете како да се радувате на секое годишно време, па така и на есента, препознавајќи ги нејзините особености.

    ЕСЕНСКИ ДОБИТНИЦИ – НАЈМНОГУ ОДГОВОРИ ПОД В

    Знаете како да го искористите времето во ваша полза. Ги дочекувате своите пет минути и паметно ги искористувате. За вас есента е период кога вашите идеи и дела созреваат и го добиваат својот конечен облик. Во таа смисла, неретко за вас есента претставува и момент кога го достигнувате врвот на нештата. Сакате да ги истерате работите докрај, трпеливи сте и трудољубиви. Знаете да пристапите со умереност и ненаметливост кон нештата. Исто така, знаете како да го оставите зад вас тоа што поминало, но и да извлечете лекција од истото. Ве сметаат за доверлива личност. Есента ви делува благопријатно и ве исполнува со секаков можен вид инспирација што ви помага да ги остварите своите идеи. Вие сте вистински есенски добитник.

Доколку уживавте во овој тест, можеби ќе сакате да дознаете и кои 4 хороскопски знаци ќе имаат многу среќа во љубовта и во работата оваа есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар